Реклама

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот на пленарна седница

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Македонија

Градоначалникот Тони Коњановски во посета на млади учесници во меѓународен проект

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска учествуваше и се обрати на завршниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска учествуваше и се обрати на завршниот мултипликативен настан во рамките на Еразмус+ проектот „GivEUvoice – Materializing Youth Voices Across European Spaces” ( GivEUvoice – Остварување на гласовите на младите низ европските простори), финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+. 

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека проектот има за цел да го зајакне учеството на младите во процесите на донесување одлуки, да поттикне соработка помеѓу младите, граѓанските организации и локалните самоуправи и да придонесе кон развој на младинските политики во периферните региони на Европа. 

-Младите се двигател на промените во нашето општество, а вашите идеи, енергија и труд имаат вредност и значење. Верувајте во себе, поддржувајте се меѓусебно и не се откажувајте при првата пречка- истакна градоначалникот Коњановски, на настанот организран од СФЕРА Интернешнал“, организација со која локалната самоуправа има потпишано меморандум за соработка.

Реклама

Како што е познато во Општина Битола активно работи Локален младински совет, а со поддршка на општината функционира и Младински центар.