Реклама

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот на пленарна седница

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Македонија

Генералниот секретар на ТХП, Џабир Доко: Претставеноста на турската заедница не смее да биде сведена на симболика

Генералниот секретар на Партијата за движење на Турците (ТХП), Џабир Доко, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на Партијата за движење на Турците (ТХП), Џабир Доко, на денешната прес-конференција изрази сериозна загриженост по повод последната реконструкција на Владата и вклучувањето на Демократската партија на Турците (ДПТ) во владејачката коалиција, стои во соопштението на ТХП.

Џабир Доко истакна дека ТХП го почитува демократското право на политичките партии да учествуваат во власта, но оцени дека симболична функција без реални надлежности не може да се претставува како „зајакнување на претставеноста“ на турската заедница.

„Доколку навистина постоела политичка волја за подобрување на положбата на Турците во институциите, тоа можело да се реализира уште при формирањето на Владата. Наместо тоа, турската заедница повеќе од две години остана без соодветна и правична застапеност“, нагласи Доко.

Реклама

Тој посочи дека јавноста има право да добие одговори од ПДТ за тоа што се променило во нивните ставови во однос на Законот за правична застапеност, изборниот модел со една изборна единица, Законот за високото образование, европските интеграции, економските политики и независноста на судството.

Во своето обраќање, генералниот секретар на ТХП истакна дека коалициите изградени врз политички функции и лични интереси, не носат вистински придобивки за турската заедница.

„Партија за движење на Турците (ТХП) останува доследна на своите принципи и ќе продолжи да се залага за достоинствена, суштинска и ефективна застапеност на Турците во институциите, како и за целосно остварување на нивните уставно загарантирани права“, порача Доко.