Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Златеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната средина

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на капитални инвестиции и проекти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на капитални инвестиции и проекти кои обезбедуваат почиста животна средина, подобра комунална инфраструктура и повисок квалитет на живот за граѓаните. Преку значајни вложувања во регулирање на речните корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, Владата создава современи и одржливи услови за развој на локалните заедници и заштита на природните ресурси, вели Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. 

Во таа насока, започната е изведбата на капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река, за што се обезбедни 376 милиони денари. Со уредувањето на оваа делница долга речиси 12 километри, од патот за с. Бојане до вливот во Треска кај с. Глумово, трајно се решава децениски проблем за илјадници граѓани.

Успешно е завршено уредувањето на коритото на Мала Рада, а во тек е и реализација на проектот за изградба на водоснабдителен систем во населеното место Лениште, во вредност од над 21 милиони денари.

Реклама

Исто така, проектот за замена на водоводната мрежа на делови од булеварот „Гоце Делчев“ и улиците „Кузман Јосифоски“ и „Ленинова“, во вредност од над 7 милиони денари е во завршна фаза. Со реконструкцијата се намалуваат загубите на вода во системот и се подобрува квалитетот на услугите.

Почната е изградба на канализационен систем за отпадни води во село Враништа, општина Струга, инвестиција вредна над 91 милиони денари, целосно финансирана преку Вториот повик од Унгарскиот кредит. Овој проект опфаќа изградба на комплетна примарна и секундарна канализациона мрежа, поставување ревизиони шахти и приклучоци за домаќинствата, како и обезбедување контролиран одвод на отпадните води.

Во тек е и изградба на пречистителна станица во Чучер Сандево, која започна минатата година во октомври, а инвестицијата е во вредност од околу 70 милиони денари и значи континуирана надградба на системите за третман на отпадни води, зајакнување на инфраструктурата на локално и национално ниво и поздрава животна средина.

Обезбедени се средства и започната е реализација на над 300 инфраструктурни проекти од различен обем, вклучувајќи модерни водоводни и канализациски системи, како и пречистителни станици низ целата држава.

Почитувани, oвие проекти се темелите на зелениот пресврт кој го градиме и на кој Владата е целосно посветена. Ќе продолжиме да го зајакнуваме и партнерството со домашните и меѓународните партнери во справувањето со предизвиците од климатските промени, шумските пожари, нелегалната сеча, бесправната градба, нелегалниот лов и другите закани за природните ресурси, со единствена цел за поздрава животна средина и подобар квалитет на живот за сите граѓани.