Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Тошковски: Водата во Гостивар може да се користи како техничка, продолжува испораката на флаширана вода

Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за приготвување храна. Ќе продолжи испораката на флаширана вода, информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски.

Според него, сè уште не немало потврда согласно мерењата дека може да се користи за пиење, ниту пак за подготвување храна.

– По повеќекратни испитувања на водата имаме добиено потврда од страна на експертите од анализите коишто се правени, дека може да се користи како техничка вода, но, пак ќе повторам, не може сè уште да се користи како вода за пиење или пак за приготвување на храна, подвлече Тошковски.

Реклама

​Во делот на обезбедување на флаширана вода за пиење, нагласи дека ќе продолжат со достави како и претходните денови.

– Во координација сме со општината во делот на сето она коешто треба да се преземе и понатаму. Сакам лично да изразам огромна благодарност, прво на гостиварчани за нивното разбирање, потоа на сите експерти и луѓе коишто беа вклучени на терен. Тие се тие коишто ги превземаа сите професионални активности во делот на хиперхлорирање, поставување апаратура за да дојдеме до оваа фаза, техничка вода за употреба, а се надевам за брзо ќе ја известиме јавноста точно кога и повторно ќе дојдеме до вода за пиење, информира Тошковски.

Упати апел до директорите на јавни претпријатија и сите кои имаат директно или индиректно поврзаност со квалитетот на водата дека здравјето и безбедноста на граѓаните се приоритет со кој нема играње. 

– Секој еден кој што е одговорен за преземање на дејствија согласно закон максимално треба да се посвети, особено во делот на обезбедување на квалитетна вода за пиење. Да упатам порака во иднина до сите одговорни во рамки на општините на територија на Македонија, се надевам дека ова ќе биде за памет и еднаш засекогаш понатаму ќе постапуваат максимално професионално и во рамки на нивните со закон утврдени надлежности во делот на контрола на квалитетот на водата. Заради тоа што со здравјето на граѓаните и со безбедноста на граѓаните играње нема и треба максимално професионално и сериозно да се сфати секоја една одговорност, особено одговорноста поврзана со водата, дали техничка вода за користење или пак вода за пиење, истакна Тошковски.