Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Муцунски и Сампедро Маркос разговараа за евроинтеграцијата и проширувањето на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со Фернандо Мариано Сампедро Маркос, државен секретар за ЕУ во Министерството за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во фокусот на разговорите биле европската интеграција на земјава и актуелните случувања во процесот на проширување на Европската Унија.

Министерот Муцунски изразил благодарност за доследната и принципиелна поддршка од Шпанија за европската перспектива на земјата, како и за нејзината посветеност проширувањето да остане меѓу стратешките приоритети на Унијата.

Реклама

Тој ја нагласил важноста од блиска соработка и координација со Шпанија во претстојните дискусии за иднината на политиката на проширување.

– Процесот на пристапување мора да остане кредибилен, предвидлив, еднаков за сите и заснован на заслуги, со јасна крајна цел – полноправно членство во ЕУ, паралелно со унапредувањето на практичните форми на постепена интеграција- истакнал министерот.

Воедно, тој го информирал соговорникот за резултатите од спроведувањето на Реформската агенда и за посветеноста на Владата кон доследно спроведување на европските вредности и стандарди на национално ниво.

Соговорниците ја потврдиле важноста од натамошно продлабочување на билатералната соработка во рамките на европските процеси, како и потребата од зачувување на кредибилитетот на политиката на проширување и забрзување на пристапниот процес на земјата.