Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Илковски: Дефиле на Широк сокак за светската фолклорна магија на „Илинденски денови“

Со дефиле на Широк сокак во кое ќе учествуваат македонски фоклорни ансамбли,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со дефиле на Широк сокак во кое ќе учествуваат македонски фоклорни ансамбли, но и млади од Венецуела, Порторико, Грузија, Словачка, Грција, Унгарија, Холандија како и група на македонски иселеници од Шведска, вечер во Битола почнуваат фолклорните вечери на фестивалот за народни песни и игри „Илинденски денови“.

Според Сашо Илковски, директор на НУ Центар за култура-Битола, во градот се очекува фоклорен спектакл со дефилето како еден од најпрепознатливите сегменти на фестивалот „Илинденски денови“.

-Подготвени сме за нов фестивалски спектакл кој ќе го приредат учесниците на традиционалното дефиле, еден од најпрепознатливите моменти на фестивалот, збирно место на илјадници учесници и посетители од градот, државата и странство. Во Битола ќе продефилираат членови на ансамбли облечени во автентични народни носии, придружувани со традиционална музика и игра. Вечер на Широк сокак ќе има вистинска парада на светските култури со што Битола уште еднаш ќе покаже дека е град на поврзување, град што ги отвора своите улици и своето срце за светот – посочи Илковски.

Реклама

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ е единствен македонски фестивал член на светската организација на фолклорни фестивали ЦИОФФ чии претставници ќе гостуваат во Битола.

-Нашиот фестивал кој од поодамна е под покровителство и во рамки на мрежата на ЦИОФФ, годинава ќе биде домаќин на претставници и делегати од Холандија. Нивното присуство за нас е признание за високите организациски стандарди и долгогодишната традиција на фестивалот. Воедно, тоа е можност за нови меѓународни партнерства и за уште поголема афирмација на македонската традиционална култура на светската сцена – посочи Илковски.

Како што е познато фестивалската програма на „Илинденски денови“ почна на 14 јули со концерт на Симфонискиот оркестар од Нингбо, НР Кина, а продолжи со богата културна понуда која според организаторот НУ Центар за култура Битола е со голема посетеност на домашна и странска публика, како и македонската дијаспора која пристигна во родниот крај.