Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Првпат објавен видео запис за историската посета на митрополит Петар на Мала Преспа во 1991 година

Весникот „Македониум”, за првпат објави видео запис од посетата на митрополит Петар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Весникот „Македониум”, за првпат објави видео запис од посетата на митрополит Петар на Мала Преспа во 1991 година, веднаш по падот на комунистичкиот режим, во чиј период религијата беше забранета. 
 
– Постојат настани кои не се само дел од историјата, туку претставуваат сведоштво за непокорниот дух, верата и истрајноста на еден народ.  Денеска првпат, објавуваме драгоцена архивска снимка од историската посета на Преспанско пелагонискиот митрополит г. Петар на Мала Преспа, непосредно по падот на комунистичкиот режим во Албанија, за Велигден на 5 мај 1991 година – стои во написот на весникот. 
 
Според весникот, оваа единствена снимка ја направил Гоце Петровски, кој бил дел од овој историски настан и успеал да овековечи моменти од повторното духовно будење на Македонците во Мала Преспа. 
 
На снимката се гледа како Преспанскиот митрополит г. Петар ги поздравува Македонците во Пустец и служи света велигденска литургија во објектот кој некогаш бил православна црква, а за време на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа бил претворен во културен дом. 
 
Се додава дека тоа беше симболичен миг во кој верата повторно се врати таму каде што со децении беше насилно замолчена. 
 
– Со објавувањето на оваа снимка, весникот „Македониум“ придонесува за зачувување на историската меморија и за пренесување на вистината до идните генерации, за никогаш да не се заборават годините на прогон, но и радоста од повторно стекнатата слобода, се нагласува во написот на „Македониум”.