Пожар избувна претпладнево во парк-шумата „Гази Баба“ во Скопје. Од ЦУК информираат дека огнената стихија брзо по пријавата била ставена под контрола.
Оттаму соопштија дека веднаш била воспоставена координација со сите надлежни институции, а Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала брзо и ефикасно на терен.
Иако состојбата е стабилизирана, надлежните екипи ќе останат на терен сè до целосното локализирање и гаснење на пожарот, со цел да се спречи негово повторно активирање.
