Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Ѓорѓиевски: Најголемата почит кон жртвите од земјотресот во 1963 е да создадеме град достоен за нивниот спомен

По повод 63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска положи цвеќе пред Споменикот на жртвите, оддавајќи почит на загинатите во трагедијата од 26 јули 1963 година.

По тој повод, Ѓорѓиевски на Фејсбук порача дека Скопје и по шест децении се сеќава на жртвите од земјотресот што на 26 јули 1963 година, во 5:17 часот, однесе повеќе од илјада животи и зад себе остави разурнати домови и разделени семејства.

– За само неколку секунди беа згаснати повеќе од илјада човечки животи, разурнати домови и разделени семејства. Зад секоја бројка остана нечие дете, родител, сопруг, пријател, нечиј цел свет. Денес, со длабока почит, се поклонуваме пред споменот на жртвите.   Нивната болка е вградена во темелите на нашиот град, а обврската да не ги заборавиме е вечна – стои во објавата.

Реклама

Во објавата тој потсетува дека по катастрофата светот му подал рака на Скопје и помогнал во неговата обнова, поради што градот станал симбол на човечноста и светската солидарност.

– Денес, наша должност е да продолжиме таму каде што застанаа генерациите пред нас – да го чуваме, унапредуваме и градиме со визија, одговорност и љубов кон секој негов дел. Да создадеме современо, безбедно и достоинствено Скопје, град што ќе го почитува своето минато, но храбро ќе ја гради својата иднина. Затоа што најголемата почит кон оние што ги загубивме е да создадеме град достоен за нивниот спомен и за генерациите што доаѓаат – наведува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.