Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Меџити: Чаир му оддаде почит на Авни Мула со промоција на улица што го носи неговото име

Општина Чаир денес свечено ја промовираше улицата „Авни Мула“, именувајќи еден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Чаир денес свечено ја промовираше улицата „Авни Мула“, именувајќи еден од своите јавни простори по една од најзначајните личности на албанската музика и култура. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, како и светски познатата сопранистка Инва Мула, ќерка на големиот уметник Авни Мула, информираат од локалната самопуправа.

Промоцијата, како што велат, се одржа во деновите кога Чаир е домаќин на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, што на овој чин му даде дополнителна симболика и ја поврза богатата културна традиција со современото уметничко творештво.

-Името на Авни Мула не е само име на една улица, туку траен знак на благодарност кон уметник кој ѝ даде идентитет и престиж на албанската култура. Во деновите кога Чаир е центар на уметноста и културата преку Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, оваа промоција добива уште поголемо симболично значење. Посебна чест ни беше што овој свечен момент го споделивме со светски познатата сопранистка Инва Мула, која со својата работа и успеси достоинствено ја претставува албанската култура на најпрестижните светски сцени – изјави Меџити.

Реклама

Во рамки на свеченоста, градоначалникот Меџити ѝ врачи и плакета за благодарност на Инва Мула, како признание за нејзиниот исклучителен придонес во афирмацијата на албанската култура на меѓународната сцена и за продолжувањето на богатото уметничко наследство на семејството Мула.