Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Македонска бригада учествува на ОРА „Нови Пазар 2026“ во Србија

Млади македонски бригадири од Велес, Штип, Гостивар, Скопје и Битола собрани во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Млади македонски бригадири од Велес, Штип, Гостивар, Скопје и Битола собрани во една македонска бригада од вкупно 34 бригадири денеска од Македонија замина за Нови Пазар во југозападниот дел на Србија каде во наредните седум дена ќе учествуваа на Младинската работна акција (Омладинска радна акција) ОРА „Нови Пазар 2026“ на уредување на плажа на околното езеро и ќе пошумуваат.

Македонските бригадири меѓу кои и 13 млади и тројца возрасни членови од Здружението на граѓани  „Акцијаш ветерани“ од Велес ќе работат на уредување на дел од плажите на езерото кое се наоѓа во близината на Нови Пазар, а воедно и ќе пошумуваат. Освен од Македонија има и бригада од домаќините од Србија, како и од Босна и Херцеговина, Словенија и Турција кои заедно ќе работат и ќе другаруваат.

Инаку неколу членови на ЗГ „Акцијаш ветерани“ од Велес  и лани  веќе учествуваа на оваа акција во Нови Пазар која трае од 2019 година.

Реклама

Денеска пред поаѓање,  Аце Јосев акцијаш ветеран од ЗГ „Акцијаш ветерани“ од Велес кој е и заменик командант на бригадата за МИА изјави дека се среќни што и годинава ќе учествуваа на оваа акција, ќе ја средуваат плажата и ќе пошумуваат. Како што рече, младите меѓу кои и од Македонија ќе стекнат бригадирски искуства за работа, ќе се дружат и ќе стекнат нови пријателства.

Младите велешки бригадири Љупче Ставрев, Карло Бондиќов, Дарија Андреевска, Теодора Мицелинова, ученици  од двете велешки училиште „Васил Главинов“ и „Блаже Конески“, како и  останатите  учесници пред заминување на ОРА „Нови Пазар 2026“ за МИА изјавија дека повеќепати учествувале на локални акции за чистење и пошумување, но сега првпат ќе бидат учесници на една меѓународна акција. Тие очекуваат интересни денови на ОРА „Нови Пазар 2026“  испонети со работа, многу пријателства, а се надеваат и на ударничка значка.

Инаку на покана на организаторите на акцијата замина и Делчо Костов претседател на ЗГ „Акцијаш ветерани“ од Велес,  кој како искусен акцијаш ветеран ќе даде свој  придонес во акцијата.