Реклама

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Забрани за користење на водата во Крушево, Пласница и Преглово

Охрид го сочува статусот, УНЕСКО бара конкретни резултати

Поевтина набавка, модерен превоз – Скопје ги очекува електричните автобуси

Алфа репортажа: Како преживуваат гостиварци додека чекаат загадената градска вода да се исчисти?

Нафтата близу 100 долари за барел, Владата разгледува мерки за заштита на стандардот

Турската заедница доби место во централната власт: Собранието го избра Зулфикар Зејнула за министер без ресор

Разговор со д-р Вело Марковски: Колку се опасни бактериите во загадената вода?

Состанок на Штабот за управување со кризи

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Гостивар не се чувствувал виновен за загрозеното здравје на неколку илјади граѓани, СДСМ, ДУИ и Таравари го штитат и не бараат одговорност

Опозицијата е морално капитулирана и без никаков компас. Она што се случи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозицијата е морално капитулирана и без никаков компас. Она што се случи во Гостивар, токму поради неажурноста и незаинтересираноста на локалната власт, предводена од Валбон Лимани, покажа колку коалицијата СДСМ, ДУИ и Таравари не се грижи за граѓаните – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Да не беше градоначалник од нивните, редови веднаш ќе држеа прес-конференции и ќе бараа одговорност. Но, бидејќи е градоначалник од нивните редови, кој патем самиот изјави дека не чувствува никаква грижа за тоа што здравјето на неколку илјади граѓани го стави во опасност, од опозицијата нема никаква осуда.

Така на пример, СДСМ се занимава со спинување на информации и собирање дневно-политички поени и со ширење на неточни и непрецизни информации, и се обидува и од оваа криза да извлече нешто за себе.

Реклама

Коалицијата СДСМ, ДУИ и Таравари преку молк се обидува да си го заштити својот политички комодитет.

Оттука, може да заклучиме дека на површина исплива нивната политичка беда и дека им пропадна фасадата дека се борат за правда.

Институциите работат и ќе ги утврдат фактите, а секој што има одговорност за овој случај ќе мора да сноси соодветни последици согласно законите.