Шест кандидати за функцијата генерален секретар на Обединетите нации синоќа ги претставија своите приоритети на дебатата организирана пред Генералното собрание на светската организација. Официјално пријавени кандидати се: генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси; поранешниот претседател на Сенегал, Маки Сал; дипломатката од Костарика, Ребека Гринспан; постојаната претставничка на Гвајана во ОН, Каролин Родригес-Биркет; поранешната претседателка на Чиле, Мишел Бачелет; и поранешната претседателка на Генералното собрание на ОН, Марија Фернанда Еспиноса од Еквадор. Дипломатите во ОН засега немаат издвоено јасен фаворит, а во трката би можеле да се вклучат и други кандидати.