Реклама

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Забрани за користење на водата во Крушево, Пласница и Преглово

Охрид го сочува статусот, УНЕСКО бара конкретни резултати

Поевтина набавка, модерен превоз – Скопје ги очекува електричните автобуси

Алфа репортажа: Како преживуваат гостиварци додека чекаат загадената градска вода да се исчисти?

Нафтата близу 100 долари за барел, Владата разгледува мерки за заштита на стандардот

Турската заедница доби место во централната власт: Собранието го избра Зулфикар Зејнула за министер без ресор

Разговор со д-р Вело Марковски: Колку се опасни бактериите во загадената вода?

Состанок на Штабот за управување со кризи

30 парични казни и 12 забрани за работа по вондредните инспекции во гостиварско

Македонија

Промовирано ВИ-решение за автоматска транскрипција во реално време за Собранието 

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со проф. д-р Димитар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со проф. д-р Димитар Ташковски и проф. д-р Бранислав Геразов при што беше промовиран моделот на ВИ за автоматска транскрипција во реално време, развиен во рамките на услугите на ИНОФЕИТ Европскиот дигитален иновациски хаб (INNOFEIT EDIH). Овој модел на вештачка интелигенција е развиен и трениран врз основа на видеоснимките од собраниските седници, што му овозможува со висока прецизност да го препознава говорот, терминологијата и специфичниот начин на водење на собраниските расправи.

Проектот, како што велат од собраниската прес-служба, има за цел модернизација на процесот на изработка на собраниските стенографски белешки преку трансформација на досегашниот бавен и рачен процес во скалабилен, инклузивен и систем поддржан со вештачка интелигенција, кој овозможува автоматска транскрипција во реално време. Неговата примена ќе овозможи значително побрза изработка на транскрипти и записници, полесно пребарување на дискусиите по говорник, тема или клучен збор, како и создавање дигитални архиви кои ќе бидат подостапни за пратениците, стручната служба, медиумите и граѓаните.

Истовремено, овој модел претставува темел за развој на нови функционалности во рамките на законодавната платформа, како што се автоматско титлување на преносите во живо, интелигентно пребарување низ седниците и примена на напредни алатки за анализа на собраниските материјали, придонесувајќи кон поефикасно, потранспарентно и подостапно Собрание.

Реклама

На промоцијата, претседателот на Собранието истакна дека ова решение претставува значаен чекор кон дигитализацијата на Собранието и унапредувањето на неговата ефикасност и транспарентност. Тој нагласи дека воспоставената соработка претставува основа за идни заеднички активности насочени кон понатамошна дигитализација на собраниските процеси и воведување современи технолошки решенија во работата на институцијата.

Проф. д-р Димитар Ташковски, координатор на ИНОФЕИТ ЕДИХ, ја истакна улогата на европските дигитални иновациски хабови во забрзувањето на дигиталната трансформација на јавниот и приватниот сектор. Тој потенцираше дека ИНОФЕИТ ЕДИХ преку услугите „Test Before Invest“, развој на решенија базирани на вештачка интелигенција, проценка на дигиталната зрелост, обуки и пристап до експертиза, им овозможува на јавните институции и компаниите безбедно и ефикасно воведување на најсовремени дигитални технологии. Воедно, тој ја нагласи успешната соработка со Собранието во текот на реализацијата на проектот, истакнувајќи дека ваквите партнерства ја потврдуваат важноста на ИНОФЕИТ ЕДИХ како клучен двигател на дигиталната трансформација и примената на вештачката интелигенција во јавниот сектор.

Проф. д-р Бранислав Геразов од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ги претстави техничките карактеристики и перформансите на системот. Тој објасни дека за надминување на оперативните предизвици при подготовката на стенографските записи е развиен високо специјализиран систем за автоматско препознавање на говор, кој директно одговара на потребите за брзина, прецизност и автоматизација.

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска ја истакна важноста од континуираното воведување современи дигитални технологии во работата на собраниската служба, нагласувајќи дека тие претставуваат клучен предуслов за понатамошно унапредување на нејзината ефикасност, функционалност и квалитетот на услугите што им ги обезбедува на пратениците и на граѓаните. Таа посочи дека примената на вештачката интелигенција ќе придонесе за оптимизација на работните процеси, побрза обработка на собраниските материјали и создавање понапредни дигитални услуги, со што Собранието ќе продолжи да се развива како модерна, транспарентна и технолошки напредна институција, усогласена со современите европски практики.

-Во тек е развој на решение за негова интеграција во дигиталниот екосистем на Собранието. Нашата цел е моделот да стане составен дел од секојдневните работни процеси, овозможувајќи автоматска транскрипција на седниците, поефикасно управување со собраниските содржини и развој на нови интелигентни услуги за пратениците, стручната служба и граѓаните, посочуваат од собраниската прес-служба.