Реклама

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Забрани за користење на водата во Крушево, Пласница и Преглово

Охрид го сочува статусот, УНЕСКО бара конкретни резултати

Поевтина набавка, модерен превоз – Скопје ги очекува електричните автобуси

Алфа репортажа: Како преживуваат гостиварци додека чекаат загадената градска вода да се исчисти?

Нафтата близу 100 долари за барел, Владата разгледува мерки за заштита на стандардот

Турската заедница доби место во централната власт: Собранието го избра Зулфикар Зејнула за министер без ресор

Разговор со д-р Вело Марковски: Колку се опасни бактериите во загадената вода?

Состанок на Штабот за управување со кризи

30 парични казни и 12 забрани за работа по вондредните инспекции во гостиварско

Македонија

МНТ ја заокружи сезоната со 12 премиери и бројни награди, новата ја отвора со претставата „Три сестри“

Македонскиот народен театар (МНТ) ја заокружи сезоната 2025/2026 со 12 премиерни проекти,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот народен театар (МНТ) ја заокружи сезоната 2025/2026 со 12 премиерни проекти, бројни домашни и меѓународни гостувања, значајни фестивалски награди и одбележување на 80 години од своето постоење, а новата сезона 2026/2027 ќе ја отвори со премиерата на претставата „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов во режија на Нела Витошевиќ.

Како што соопшти МНТ, премиерата е закажана за 25 септември, а од денеска во продажба се билетите за претпремиерната, премиерната и првата репризна изведба, која ќе се одржи на 5 октомври.

Новата сценска адаптација е на Васил Христов и Нела Витошевиќ, додека драматургијата ја потпишува Викторија Рангелова-Петровска. Во претставата настапуваат Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Верица Недеска, Дамјан Цветановски, Благој Веселинов, Емил Рубен, Ивица Димитријевиќ, Нина Деан и Антонио Ташковски. Авторскиот тим го сочинуваат сценографот Игор Васиљев, костимографката Роза Трајческа и композиторот Огнен Анастасовски, додека извршни продуценти се Симона Угриновска и Виктор Рубен.

Реклама

Од театарот посочуваат дека зад нив е исклучително успешна сезона, обележана со амбициозни продукции, копродукциски проекти и силна меѓународна афирмација. Во текот на годината, сцената на МНТ беше домаќин на реномирани театри од регионот, меѓу кои Црногорското народно позориште, Народното позориште од Белград и Словенечкото народно гледалиште Марибор.

Театарот реализирал и бројни гостувања во земјава и во странство, настапувајќи во Будимпешта, Дубровник, Врање, Пожаревац, Ќустендил, Струмица, Куманово, Велес и Прилеп, како и на повеќе фестивали и театарски сцени.

Во сезоната 2025/2026 биле поставени 12 премиери, меѓу кои „Ангели во Америка“, „Драга Јелена Сергеевна“, „Варвари“, „Сонцето, колку е блиску сонцето“, „Уште ми фалиш“, „Син понеделник“, „Диво месо“, „Страв и надеж“, „Западен експрес“, „BIVIR… BIVIR…“, „Као Какао“ и „Вонземјани“.

Сезоната беше одбележана и со низа признанија. Претставата „Страв и надеж“ освои Гран при за најдобра претстава во целина и награда за најдобра музика на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“, високото признание „Лауреат“ му беше доделено на актерот Игор Џамбазов.

Меѓу другите признанија се Гран при за претставата „Бог на колежот“ на фестивалот „Денови на комедијата“, наградата „Борисав Станковиќ“ за „Народен пратеник“ на фестивалот „Борини позоришни дани“ во Врање, како и признанија за актерските остварувања на Тони Михајловски, Тања Кочовска, Ѓорѓи Јолевски и Снежана Коневски-Руси.

Во рамки на одбележувањето на 80-годишнината од основањето на МНТ, беа организирани повеќе програмски активности, меѓу кои и промоцијата на монографијата „Македонски народен театар 1945-2025: Драма – приказни поголеми од времето“.