Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Приведен кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со ветување за странски пасош

Триесет и двегодишен жител на Кавадарци е приведен откако бил затекнат при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триесет и двегодишен жител на Кавадарци е приведен откако бил затекнат при преземање 2.000 евра од 50-годишна кумановка, која го пријавила дека со лажно ветување за посредување за добивање странски пасош ја измамил за вкупно 9.000 евра. Парите што ги зел при последната средба биле претходно криминалистичко-технички обработени од полицијата, а осомничениот пред јавен обвинител го признал делото.

Според пријавата, осомничениот ѝ ветил на жената дека ќе посредува за добивање странски пасош за сума од 400 евра, по што во повеќе наврати побарувал дополнителни парични средства. За краток временски период, оштетената му предала вкупно 9.000 евра, а тој продолжил да бара пари.

– На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра. Според пријавеното, тој и ветил дека ќе и посредува за добивање на странски пасош за 400 евра, а потоа и барал повеќе парични средства и за кратко време му дала вкупно 9.000 евра и се уште продолжил со побарувањата – стои во соопштението од МВР.

Реклама

По преземените мерки кај него биле пронајдени 2.000 евра што непосредно претходно ги зел од пријавителката. Парите биле криминалистичко-технички обработени од страна на ОВР Кавадарци.

Од МВР информираат дека лицето било задржано во полициска станица, а потоа изведено пред јавен обвинител, каде го признало делото.

– По целосно документирање на случајот, против М.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „измама“ по член 247 став 1 од Кривичниот законик – дополнуваат од МВР.