Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Средба на Сојузот на одгледувачите на овци со претставници на АХВ за сипаниците кај малите преживари

Членови на Управниот одбор (УО) на Сојузот на одгледувачите на овци „Модерен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членови на Управниот одбор (УО) на Сојузот на одгледувачите на овци „Модерен овчар“ денеска ќе имат средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во врска со болеста сипаници кај малите преживари.

Средбата е закажана за 13 часот по што во 14.15 е предвидена изјава на претседателот на Сојузот, Насер Џемаили, пред АХВ. 

Како што информира членот на УО на Сојузот, Моме Младеновски за МИА, состојбата со сипаниците кај овците во земјава континуирано се следи.

Реклама

– Состојбата ја следиме постојано, и ние и ветеринарните инспектори, како и ветеринарните друштва. За секој сомнителен случај што ќе го пријават сточарите, веднаш се излегува на терен – истакнува Младеновски.

Досега, како што информира, поради сипаници кај овците во земјата, уништени се речиси 2.700 грла.

Според податоците на АХВ објавени на 16 јули, кога се одржа работната средба со претставниците на здруженијата на одгледувачите на овци и Сојузот на одгледувачите на овци на Македонија, од почетокот на овој месец на територијата на Македонија се потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози: во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, во селото Соколарци, општина Чешиново – Облешево, во селото Бигла, општина Делчево, во селата Малино и Косевица, општина Свети Николе, како и во селото Сопот, општина Куманово. Болеста е потврдена во 15 одгледувачници на овци и 2 одгледувачници на овци и кози.