Реклама

Турската заедница доби место во централната власт: Собранието го избра Зулфикар Зејнула за министер без ресор

Разговор со д-р Вело Марковски: Колку се опасни бактериите во загадената вода?

Состанок на Штабот за управување со кризи

30 парични казни и 12 забрани за работа по вондредните инспекции во гостиварско

Деновиве во Кореја се одлучува за статусот на Охрид во УНЕСКО

Мицкоски: Водата во Гостивар до крај на неделата ќе биде за техничка употреба

Словенечки модел за ставање крај на злоупотребите на боледувањата

Летнатите кровови отворија сомнежи – почнуваат проверки на градежните стандарди

Мицкоски: Размислуваме за повторно намалување на ДДВ од 18% на 10%

АХВ: Во Гостивар изречени 30 казни и затворени 11 нерегистрирани оператори

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Македонија

Собраниска седница за избор на Зулфикар Зејнула за министер без ресор

Собранието денеска во рамки на 117. седница ќе избере уште еден министер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска во рамки на 117. седница ќе избере уште еден министер во Владата, предводена од премиерот Христијан Мицкоски. На дневен ред е изборот на  Зулфикар Зејнула за министер без ресор.

Зејнула е претседател на Демократската партија на Турците, а ВМРО-ДПМНЕ неодамна со партијата потпиша коалициски договор. Неговото назначување беше најавено уште на 10 јули, кога Мицкоски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ потпиша коалициски договор со Зејнула.

Демократската партија на Турците во Собранието е застапена со еден пратеник, Бејџан Иљас.

Реклама

Во периодот 2021 – 2024 Зејнула беше заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување, во периодот од 2018 до 2021 бил советник во Општина Гостивар, а во периодот од 2017 до 2021 работел во Правниот сектор на Демократската партија на Турците на Македонија. Исто така, бил вработен и во компанијата „Хабиб транс“ ДОО.

Во текот на својот ангажман во локалната самоуправа бил член на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања, Комисијата за планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина, како и Комисијата за правни и нормативни работи при Советот на Општина Гостивар.

Зејнула бил и член на Комисијата на Групата за процена на ризици и опасности во Скопје, како и член на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.

За својата работа е добитник на државно одликување за исклучителна пожртвуваност, доделено од Република Турција.

Зејнула е дипломиран криминалист, со завршено високо образование на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола. Поседува сертификати за англиски јазик и компјутерски вештини, а покрај мајчиниот турски јазик, говори македонски, албански, германски и српски јазик.
 
Изборот доаѓа по реконстуркцијата на Владата, која беше направена на собраниска седница на 13 јули. Тогаш беа избрани осум нови министри, за нов министер за правда беше избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за нов министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за туризам и култура Седат Сулејмани од ВРЕДИ, за нов министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ од ДПСМ, а за нов министер без ресор Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ. 

null

Премиерот Мицкоски во своето експозе тогаш истакна дека за нови министри предлага луѓе што доаѓаат со разни професионални искуства, но со иста обврска – да работат чесно, одговорно и со чувство дека секој ден што ќе го поминат на функцијата им е даден oд народот и му припаѓа на народот.

Мицкоски порача дека реконструкцијата на Владата носи нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност. 

-Во изминатите две години државата повторно почна да се движи. Повторно почна да инвестира. Повторно почна да гради. Повторно почна да создава доверба. Повторно почна да отвора можности. Но јас денес не стојам овде за да кажам дека сме ја завршиле работата. Напротив. Денес стојам пред вас за да кажам дека најважниот дел од работата допрва почнува. Затоа што државите не се градат за две години. Тие се градат со генерации. И секоја генерација има обврска да остави држава подобра отколку што ја затекнала. Тоа е нашата обврска. Тоа е обврската на оваа Влада. И токму затоа денес пред вас не стои само предлог за избор на нови министри. Пред вас стои предлог за нова енергија. За ново темпо. За нова фаза во развојот на државата. За Влада што нема да биде задоволна со постигнатото, туку ќе биде гладна за нови резултати. Не затоа што се откажуваме од досегашниот курс. Туку затоа што сакаме тој курс да биде уште побрз, уште поефикасен и уште поодлучен – рече тогаш Мицкоски. 

Собранието денеска ќе одржи уште една седницата, 100-та, на чиј дневен ред се Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2025 година, Годишен извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година, Посебен извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините во Македонија, Посебен извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за повторни избори за градоначалник на Општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуше и за градоначалник на Центар Жупа – 2026 година.