Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Стојаноски: Опозицијата да се договори околу Изборниот законик, а не да смислува алиби за следните изборни порази

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски за време на гостувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски за време на гостувањето на една од националните телевизии, изјави дека Владата и владејачкото мнозинство имаат јасен став во однос на измените на Изборниот законик, но дека опозициските партии мора да покажат политичка одговорност и да постигнат заеднички став за отворените прашања, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Стојаноски, платформата врз која се воделе разговорите била коректна, а Владата покажала одговорност со тоа што оставила опозицијата меѓусебно да ги усогласи различните предлози што ги изнесувала во јавноста.

„Платформата врз која ние ги поставивме разговорите сметам дека е сосема коректна. Владата беше доволно одговорна и владиното мнозинство да каже  дека ќе го прифати сето тоа што опозициските партии ќе го договорат меѓу себе, бидејќи тие беа тие коишто нудеа различни детали во јавноста. Ние кажавме директно и јасно потребно ни е да ги зацртаме реформите 10 од 10, потребни ние си тие средства без разлика дали биле многу или малку, на македонските граѓани им се потребни. Седнете, договорете се за сите разлики коишто ги имате во јавноста, за сите нови услови кои ги поставувате секогаш кога ќе седнеме на масата и ние ќе ви го прифатиме тоа коешто вие ќе го договорите“, рече Стојаноски.

Реклама

Тој нагласи дека не е задача на владејачкото мнозинство да посредува во договорите меѓу опозициските партии, посочувајќи дека СДСМ, ДУИ, Левица, како и пратениците на Арбен Таравари и Зијадин Села, треба да постигнат заеднички став за отворените прашања.

„Ние не можеме место нив да им договараме средба во рамки на Собранието. Нека седнат СДСМ, ДУИ, Левица пратениците на Таравари и на Села и нека договорат и за заокружувањето и за поплаките и за начинот на кој дијаспората треба да се изјаснува, како и за процентот на финансирање, ние тоа ќе го прифатиме. Одговорноста стои таму да тие треба да имаат иницијатива да седнат и да договорат, а не да смислуваат алиби за наредните изборни порази“, вели Стојаноски.

Пратеникот Стојаноски се осврна и на начинот на гласање на македонската дијаспора. Тој истакна дека целта е да се зајакне врската на иселениците со татковината и повтори дека владејачкото мнозинство ќе го поддржи моделот за кој ќе постигне договор опозицијата.

„Зошто сакаме дијаспората да се изјаснува и да се промени системот кој сега е актуелен? Бидејќи нашата интенција е тие луѓе да ги вратиме назад и мораме да ја зајакнуваме врската којашто тие луѓе ќе ја имаат со нивната татковина. Ете на преговорите на кои јас лично учествував, им кажавме дека ако седне опозицијата и ако се договорат тие за моделот на којшто треба дијаспората да се изјаснува, ние тоа модел ќе го прифатиме. Ете беа против електронски, понудивме поштенски модел ете и против тоа се“, истакна Стојаноски.