Реклама

Состанок на Штабот за управување со кризи

30 парични казни и 12 забрани за работа по вондредните инспекции во гостиварско

Деновиве во Кореја се одлучува за статусот на Охрид во УНЕСКО

Мицкоски: Водата во Гостивар до крај на неделата ќе биде за техничка употреба

Словенечки модел за ставање крај на злоупотребите на боледувањата

Летнатите кровови отворија сомнежи – почнуваат проверки на градежните стандарди

Мицкоски: Размислуваме за повторно намалување на ДДВ од 18% на 10%

АХВ: Во Гостивар изречени 30 казни и затворени 11 нерегистрирани оператори

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Македонија

Најповолна понуда за повикот за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење дале од IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN

Четири компании се јавиле на Jавниот повик за набавка на 150 електрични…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четири компании се јавиле на Jавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, информираат од Министерството за транспорт.  Две од нив, BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi и IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN ги исполниле условите да учествуваат на јавниот повик. Најповолна понуда доставиле од IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN.

На јавниот повик се јавиле и Xiamen Golden Dragon Bus Co, Ltd,  YES -EU DENMARK A/S YUTONG, но според евалуацијата на понудите двете компании не ги исполнувале условите за учество. 
 
-По спроведенета евалуација на понудите, Комисијата за јавни набавки утврди дека од вкупно четирите доставени понуди, согласно критериумите утвредни со Јавниот повик, два економски оператори ги исполнуваат условите да учестувуваат на електронската аукција, согласно член 59 од Законот за јавни набавки (јавното надавање) што се оддржа денеска и тоа: BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi и IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN. Според одржаната електронска аукција, најниска цена достави компанијата IKARUS Electric Zrt во заедничката понуда со EVN и тоа од 3 120 956 004 денари без ДДВ, односно 19 796 924 денари без ДДВ по единица автобус и 2 018 899 без ДДВ по единица станица за полнење, велат од Министерството за транспорт.  
 
Комисијата надлежна за спроведување на јавната набавка, предложила избор за најповолен понудувач, по што утврден е рок за жалба од десет дена.
 
-По склучување на Договорот, најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика:  30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот, 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот и 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот, информираат од Министеството за транспорт.