Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Манасиевски: Филипче е последниот кој има кредибилитет да говори за здравството и кризата во Гостивар, тој е директен виновник за системот во здравството и поддржувач на локалната власт во Гостивар

Венко Менгеле е последниот кој има кредибилитет да говори за здравството во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Менгеле е последниот кој има кредибилитет да говори за здравството во Македонија. Исто така за кризата во Гостивар, наместо прашања и обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од претседателот Мицкоски, нека се состане со неговите коалициони другари Ахмети и Таравари и нека побараат одговорност за скандалот во Гостивар директно од градоначалникот Валбон Лимани, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски.

Венко Менгеле и СДСМ не може да бегаат од одговорност, но не може ни да бегаат од хаосот кој го создадоа во здравството, а ние веќе 2 години работиме да го подобриме.

Зошто Венко Менгеле нема право да говори за здравствениот систем? Затоа што граѓаните многу добро паметат за:

Реклама

Ковид кризата министер за здравство Венко Филипче, трета земја во светот по процент на смртност;

Ковид криза министер за здравство Венко Филипче, наместо вакцини тој договараше провизии од нивната набавка и наместо по 32 долари за вакцина тој сакаше да ги купи со договор за 67 долари;

Ковид криза министер за здравство Венко Филипче, наместо заштита на граѓаните и животот на граѓаните, му се запали модуларната болница во Тетово и живи изгореа 14 наши сограѓани, поради анекс за 20%;

Му беа обезбедени средства и проект за нов клинички центар, а тој не направи ништо;

Во негово време на онкологија се даваше физиолошки раствор наместо лекови за болните од рак;

Наместо нови операциони сали, нови апарати, нови болници, тој сакаше да ја турне аферата „Крвави тендери’’ за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи вредна 35 милиони евра, која благодарение на ВМРО-ДПМНЕ не се дозволи.

Добро го паметиме и Венко Менгеле по тоа што добиваше автомобили од фирми на кои доделуваше тендери со неговиот ментор Заев, го паметиме по становите што ги имаат во Дубаи, како и 40 катницата која Заев ја градел, го паметиме и по журките на Харис Џиновиќ кои чинат стотици илјадници евра, луксузните прошетки во Грција на луксузната јахта на неговиот ментор Заев.

Почитувани граѓани,

Венко Менгеле и СДСМ, треба да понесат одговорност за се што се случуваше во државата изминатите години. Тоа ќе се случи кога токму тие обвинители и судии кои денес уште ги штитат, ќе почнат да судат правда, а не изговори.