Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

МВР и РСБСП апелираат за поголема безбедност на возачите на лесни електрични возила

Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) спроведуваат кампања за подигнување на свеста за безбедно управување со лесни електрични возила, потсетувајќи ги граѓаните на новите законски измени што стапија во сила со измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Како што соопшти МВР, со измените е прецизирана дефиницијата за лесно електрично возило, односно возило со најмалку две тркала кое се движи на електричен погон, со сила на моторот до 0,6 киловати, максимална конструкциска брзина до 25 километри на час и маса без товар до 35 килограми.

Со новите одредби, минималната возраст за управување со лесно електрично возило е зголемена на 18 години. Максималната дозволена брзина е ограничена на 20 километри на час на велосипедски патеки и ленти, додека на патеки за велосипедисти и пешаци, тротоари и пешачки површини останува ограничувањето од 6 километри на час.

Реклама

Законот предвидува и обврска возачите на лесни електрични возила при преминување на коловоз или обележан пешачки премин да го туркаат возилото доколку нема посебно обележана патека или лента за тој вид превозни средства.

Дополнително, забрането е превезување други лица на лесно електрично возило, при што се предвидени глоби и за возачот и за лицето кое се превезува. Задолжително е и носење заштитен шлем за време на управувањето, а останува во сила и обврската за носење рефлектирачки елек во услови на намалена видливост.

Според законските измени, возачите на лесни електрични возила не смеат да управуваат под дејство на алкохол, а за прекршителите се предвидени парични казни во зависност од утврденото ниво на алкохол во крвта. За одредени прекршоци е предвидено и привремено одземање на возилото во траење од 30 дена.

Од МВР најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со засилени превентивни и репресивни активности и контроли на терен со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

– Апелираме до сите возачи на лесни електрични возила, како една од најранливите категории учесници во сообраќајот, доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за намалување на ризиците и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот – наведуваат од МВР.