Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Минчев: СДСМ е окупирана и заробена партија и спроведува погрешни политики

Политичките процеси што денес се одвиваат во Социјалдемократскиот сојуз не претставуваат изненадување,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичките процеси што денес се одвиваат во Социјалдемократскиот сојуз не претставуваат изненадување, туку задоцнета потврда на она на што ЗНАМ предупредуваше години наназад, дека СДСМ се оддалечи од сопствените вредности, ги напушти принципите врз кои беше создадена и стана затворена и заробена структура без јасна политичка визија.

Во интервју за Слободен печат, Генералниот секретар на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев, истакна дека не сака да шпекулира за мотивите на групата која пред извесен период јавно настапи со критики кон актуелното раководство на СДСМ, но оцени дека нивните настапи суштински ја потврдуваат политичката анализа што ЗНАМ ја застапува со години, се наведува во партиското соопштениe..

„Она што можеме да го согледаме по одржувањето на тој настан и по јавните настапи на неговите учесници е потврда на тезата што ЗНАМ ја кажува веќе пет години – дека СДСМ е окупирана и заробена партија и спроведува погрешни политики. Во овој момент, иако правно формално Венко Филипче со сомнителен легитимитет е претседател, според мене конците ги
влече некој друг“ – изјави Минчев.

Реклама

Осврнувајќи се на структурата на иницијативата, Минчев посочи дека меѓу учесниците постојат суштински разлики и дека нивниот политички кредибилитет не е ист.

„Едната група ја сочинуваат луѓе кои биле дел од власта, учествувале во креирањето на политиките и имале можност да реагираат за клучните државни прашања, но тогаш молчеле. Денес, кога се надвор од тие позиции, очигледно се обидуваат да го преземат раководството на СДСМ. Другата група, која не учествувала во тогашното владеење, има поголем легитимитет да бара промени во партијата. Но, она што ги поврзува сите е фактот дека никој од нив не реагираше кога се носеа најважните државни одлуки“ – нагласи Минчев.

Тој потсети дека, според него, во периодот кога СДСМ ја имаше целосната политичка моќ, само две личности јавно се спротивставиле на тогашното раководство.

„Единствен кој реагираше кога СДСМ беше во зенитот на својата моќ, кога ја имаше централната власт и контролираше околу 50 општини, беше Максим Димитриевски, кој после интервјуто на Зоран Заев за бугарската телевизија во која што посочи дека Бугарите и Македонците се ист народ и дека Куманово го ослободиле Бугарите и изјави и други историски небулози, јасно и гласно кажа дека не се согласува со политиките на тогашното раководство. Тоа е разликата помеѓу ЗНАМ и оваа инивијатива.

На тогашните ставови на раководството на СДСМ, кои сериозно ги засегнаа македонската историја и националниот идентитет, реагираше и, би рекол, таткото или ДНК-то на СДСМ, господинот Бранко Црвенковски, кој го замрзна своето членство” – истакна Минчев.

Во однос на шпекулациите дека Бранко Црвенковски стои зад ЗНАМ, Минчев беше дециден дека таквите тврдења се неточни.

„Можам јасно да кажам дека таткото на СДСМ не стои зад ЗНАМ. Во повеќе наврати сум рекол дека исклучително ги почитувам политичките ставови на господинот Бранко Црвенковски, но за неговите лични политички определби и евентуална поддршка на други иницијативи, тоа е прашање на кое може да одговори само тој“ – порача Минчев.

Тој нагласи дека внатрешните случувања во СДСМ се прашање на самата партија, додавајќи дека ЗНАМ останува фокусирана на реформите, исполнувањето на програмските определби и политиките што, како што рече, произлегуваат од интересите на државата и граѓаните.