Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Соработка на Општина Кисела Вода со полскиот град Сохачев

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајкоска, остварила онлајн работна средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајкоска, остварила онлајн работна средба со градоначалникот на полскиот град Сохачев, Даниел Јањак со кого отвориле прашања за идни заеднички иницијативи и културна размена меѓу двете општини.

Прес-службата на Кисела Вода денеска соопшти дека двајцата соговорници размениле мислења за можностите за продлабочување на соработката во сферата на локалната самоуправа, културата, младинските политики и спортската инфраструктура.

– Посебен акцент беше ставен на споделувањето искуства во модерното управување со општините, со оглед на тоа што градоначалникот Јањак зад себе има богата кариера во културата и администрацијата, а неговото раководство во Сохачев бележи високи оцени за развоен менаџмент – се наведува во соопштението. 

Реклама

Сохачев е град со длабоки историски корени и значајно културно наследство, познат во светот и како место со кое е тесно поврзан великанот на класичната музика, Фредерик Шопен. Оваа врска, посочуваат, претставува особено симболична поврзаност со Општина Кисела Вода, во чии рамки егзистира паркот „Шопен“.

– Оваа првична средба со градоначалникот на Сохачев, Даниел Јањак, е одлична основа за градење нови пријателства и долгорочно партнерство. Нашите општини споделуваат слични визии за развој и ставање на граѓаните во центарот на општинските политики. Преку паркот „Шопен“ во Кисела Вода и чествувањето на делото на овој музички великан, ние веќе имаме убава културна врска со ова подрачје во Полска, а верувам дека во иднина ова партнерство ќе прерасне во уште поблиски врски и конкретни проекти за доброто на жителите од двете општини –  посочи во пишана изјава градоначалничката Бети Стаменковска Трајкоска.