Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Македонски средношколци освоија прво место на еден од најголемите интернационални дебатни турнири

Македонските дебатери, претставници на Младинскиот образовен форум (МОФ), постигнаа историски успех на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските дебатери, претставници на Младинскиот образовен форум (МОФ), постигнаа историски успех на Prague Debate Spring 2026, освојувајќи го првото место во почетничката категорија и остварувајќи уште еден врвен резултат во отворената конкуренција на еден од најпрестижните меѓународни турнири во компетитивна дебата.

Турнирот се одржа од 10 до 13 јули во Прага, како дел од IDEA Youth Forum, меѓународен младински форум организиран од International Debate Education Association (IDEA) – европската мрежа која ги обединува дебатните организации и клубови од Европа и пошироко. Настанот, кој траеше од 6 до 13 јули, собра околу 300 млади дебатери од речиси сите европски земји, како и од САД, Канада, Кина, Јапонија, Тајван, Јужна Африка и други држави.

Младинскиот образовен форум ја претставуваше државата со два тима.

Реклама

Тимот Macedonia Red, составен од Јана Господинова, Ана Василева, Стефан Николовски и Матео Зафировски, оствари извонреден успех, пласирајќи се како највисоко рангиран почетнички тим по прелиминарните рунди. Во финалето тие ја потврдија својата доминација и го освоија првото место во почетничката категорија.

Macedonia Yellow, во состав Спасе Панев, Искра Ѓероска, Ема Велјановска и Елена Николова, обезбеди пласман во отвореното осминафинале, каде што беше елиминиран по навистина компетитивна и неизвесна дебата од тимот на Тајван. Спасе Панев, Искра Ѓероска и Ема Велјановска претходно беа дел од македонскиот национален тим во компетитивна дебата.

Во текот на шесте прелиминарни рунди, македонските дебатери дебатираа на импромпту теми против екипи од различни делови на светот, покажувајќи исклучителни аналитички способности, јавно говорење и аргументација.

Дополнително признание доби Искра Ѓероска, која беше рангирана како 9-ти најдобар говорник во категоријата English as a Foreign Language (EFL), што претставува уште една потврда за квалитетот на македонските дебатери на меѓународната сцена.

Ова е продолжение на успешната низа на Младинскиот образовен форум на Prague Debate Spring. Од 2023 година, организацијата секоја година испраќа свои претставници на турнирот, при што македонските тимови редовно обезбедуваат пласман меѓу 16-те најдобри тимови во конкуренција од повеќе од 60 тимови од држави од целиот свет. Годинава, за првпат, македонски тим го освои шампионскиот трофеј во почетничката категорија.

За време на IDEA Youth Forum, дебатерите имаа можност не само да се натпреваруваат, туку и да учествуваат на работилници, предавања и активности за размена на искуства со

млади од различни култури, дополнително развивајќи ги своите лидерски, комуникациски и интеркултурни вештини.

Тимовите беа придружувани и поддржувани од Дора Смилевска, Јован Василевски и Меланија Петровска, кои на турнирот учествуваа како меѓународни судии и воедно се пласираа како едни од најдобрите судии на турнирот, судејќи и во елиминационите дебати. Постигнатиот успех е резултат на долгогодишната работа на дебатната програма на Младинскиот образовен форум, како и на посветеноста на тренерите и дебатерите кои со години вложуваат труд во развојот на критичкото размислување, аргументацијата и јавното говорење.

Во текот на последните два месеци, успеавме да победиме и регионален турнир кој се одржа во Тирана и истиот го победивме во тим составен од Спасе Панев, Ема Велјановска и Стефан Николовски, а во мај победивме и интернационален турнир во Парма, Италија во тим составен од Спасе Панев, Ема Велјановска, Јана Господинова и Михаела Атов и Ема Велјановска се пласираше како прв најдобар говорник на истиот турнир.

Младинскиот образовен форум е единствената организација во Македонија која спроведува национална програма за дебата и критичко размислување, преку која секоја година стотици средношколци и студенти бесплатно посетуваат неделни обуки за критичко размислување, анализа, јавно говорење и компетитивна дебата. Учесниците имаат можност да се натпреваруваат на национални и меѓународни турнири и да ја претставуваат државата на најзначајните дебатни натпревари во светот.

Новиот повик за приклучување кон дебатната програма за средношколци и студенти ќе биде објавен во текот на септември 2026 година, а сите информации ќе бидат достапни на вебсајтот и социјалните мрежи на младински образовен форум.