Реклама

30 парични казни и 12 забрани за работа по вондредните инспекции во гостиварско

Деновиве во Кореја се одлучува за статусот на Охрид во УНЕСКО

Мицкоски: Водата во Гостивар до крај на неделата ќе биде за техничка употреба

Словенечки модел за ставање крај на злоупотребите на боледувањата

Летнатите кровови отворија сомнежи – почнуваат проверки на градежните стандарди

Мицкоски: Размислуваме за повторно намалување на ДДВ од 18% на 10%

АХВ: Во Гостивар изречени 30 казни и затворени 11 нерегистрирани оператори

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Македонија

Спасовски: Реформи во администрација и континуирано зголемување на платите со цел создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор во служба на граѓаните 

Во изминатите две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде конкретни чекори за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатите две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде конкретни чекори за реформа на јавната администрација, со цел да создаде професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе работи во интерес на граѓаните. Еден од најважните резултати е усвојувањето на трите системски закони, како што е Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНE.

Со нив се поставува нова законска рамка за поефикасно функционирање на администрацијата и се поставија стабилни темели на систем насочен кон создавање професионална, ефикасна и модерна јавна администрација, поблиска до граѓаните и подобро подготвена да одговори на нивните потреби.

Паралелно со законските измени, посебно внимание беше посветено на подобрување на статусот на административните службеници.

Реклама

Во партнерство и дијалог со синдикатите се постигна историски договор преку колективните договори со кој се обезбеди континуирано зголемување на платите на административците за 40 проценти до 2028 година.

Ова е јасен показател дека реформите не се само промени на хартија, туку се насочени и кон подобрување на условите за работа и мотивирање на административните службеници кои секојдневно работат во институциите.

Определба на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јавната администрација да биде сервис на граѓаните, а не бирократска пречка.

Затоа продолжуваме уште попосветено и со неуморна работа да спроведуваме реформи кои носат стабилен и функционален систем.