Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Министерството за енергетика: Силна динамика и континуиран напредок во енергетската транзиција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) активно ја спроведува реформската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) активно ја спроведува реформската агенда 2024 – 2027 во областа на енергетската транзиција истовремено реализирајќи ги реформските активности и усогласувајќи ја националната регулатива со европското законодавство. Како резултат на овој континуиран процес, Европската комисија во својот извештај од 20 мај 2026 година официјално потврди дека два реформски чекори се целосно исполнети.

Како што информираат од МЕРМС, првиот целосно исполнет реформски чекор се однесува на воспоставувањето и на целосната операционализација на структурите за управување со процесот на праведна транзиција. Со формирањето и ставањето во функција на сите предвидени тела, како и усвојувањето на годишниот план за спроведување, Европската комисија потврди дека механизмот за управување е воспоставен и целосно функционален.

Вториот потврден реформски чекор е донесувањето на тригодишниот план за реновирање на зградите на централната власт, усогласен со европските цели за енергетска ефикасност. Истовремено, обезбедена е и финансиска поддршка за негова понатамошна реализација, што овозможува навремено спроведување на планираните активности.

Реклама

– Покрај ова, Министерството целосно ги реализира сите активности и процедури предвидени за уште два реформски чекори, за кои комплетната документација е доставена до Европската комисија. Во тек е процесот на нивна верификација и се очекува тие да бидат оценети во рамките на следниот извештај на Европската комисија. Станува збор за целосното транспонирање на пакетот за интеграција на пазарот на електрична енергија, во согласност со барањата на Енергетската заедница и постепеното намалување на јавната интервенција во определувањето на цените – посочуваат од МЕРМС.

Паралелно, додаваат, Министерството активно го спроведува и реформскиот чекор што се однесува на воведување мерење и наплата врз основа на индивидуална потрошувачка преку поставување индивидуални броила онаму каде што тоа е технички изводливо и економски оправдано во согласност со европските директиви.

Во тек е реализацијата и на другите реформски чекори предвидени со реформската агенда. За некои од нив е предвиден грејс-период за исполнување, а другите имаат рокови до декември 2026, јуни 2027 и декември 2027 година. Сите активности се реализираат во согласност со утврдената динамика, при што Министерството редовно известува за постигнатиот напредок кон Европската комисија.

Со досегашната реализација, како што велат, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потврдува дека реформите во енергетскиот сектор се спроведуваат навремено и во согласност со европските стандарди, со јасна цел – забрзување на енергетската транзиција, усогласување со законодавството на Европската Унија и обезбедување пристап до средствата од планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан.