Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Концертот на „10-те бузуки на Домна“ ќе се одржи на 6 август на Хераклеја

Невреме проследено со силен и обилен дожд во Битола го одложи концертот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Невреме проследено со силен и обилен дожд во Битола го одложи концертот на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција коj требаше да настапи на „Локум фест“ во рамки на фестивалот „БитФест“.

Од прес-центарот на Битолското културно лето информираа дека концертот е презакажан за 6 август и ќе се одржи во Хераклеја.

„10-те Бузуки на Домна“ е познат грчки музички ансамбл специјализиран за изведба на традиционална и современа музика со доминантна улога на бузуки инструментот. Концертот содржан во програмата на Битолско културно лето е резултат на соработката на Културно информативен центар КИЦ Битола со Амбасадата на Република Грција во Скопје и Генералниот конзулат во Битола.

Реклама

„Локум фест“ е проект од национален интерес поддржан од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамки на „БитФест“.