Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Мицкоски: До крајот на летото се очекува избор на локација за новиот клинички центар

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на летото да биде заокружен процесот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на летото да биде заокружен процесот за избор на локација за новиот клинички центар по што ќе може да почне подготовката за реализација на капиталната здравствена инвестиција.

Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираното Одделение за трауматологија при ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, Мицкоски изјави дека се водат разговори со сопственикот на земјиштето, а разгледува и алтернативна локација во близина.

– Да, има разговори. Разговараме со сопственикот на земјиштето. Имаме и втора опција во близина на таа парцела. Нормално, никогаш не се потпираме само на една опција. Очекувам дека во тој периметар ќе можеме да го заокружиме процесот, а потоа да направиме добар план за конечно да почнеме со реализација на оваа здравствена инвестиција – рече Мицкоски.

Реклама

На прашањето кога очекува да биде завршен процесот, премиерот посочи дека тоа би требало да се случи во текот на летниот период.

– Летово нека биде последен период – изјави премиерот.

Локацијата што Владата ја разгледува за изградба на новиот клинички центар е просторот кај спортскиот центар и базенот „Борис Трајковски“ во Карпош, во непосредна близина на ГОБ „8 Септември“, ПЕТ-центарот и Поликлиниката „Букурешт“.

Според досегашните најави, земјиштето е во приватна сопственост и се водат преговори за негово обезбедување, а планот е новиот клинички центар да биде дел од интегриран здравствен комплекс поврзан со ГОБ „8 Септември“ преку топол подземен премин.

Премиерот Мицкоски претходно изјави дека станува збор за локација со добра сообраќајна поврзаност и инфраструктурни можности, а првичните активности за реализација на проектот, доколку процедурите се одвиваат според планот, би можеле да почнат во текот на 2027 година.