Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Ангелов: Природата е најголемиот контролор на изграденото од човекот

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, по вчерашното невреме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, по вчерашното невреме што го зафати Скопје и предизвика материјални штети и паднати дрвја, порача дека природата е „најголемиот контролор“ на сѐ што е изградено од човекот и дека нејзината проверка е објективна и неселективна.

Ангелов наведува дека природните непогоди на најсуров начин покажуваат дали при изградбата на објектите се почитувани законите, прописите и стандардите.

– Оние градби кои не ги исполнуваат неопходните критериуми природата ги оштетува, корне или руши. Без двојни стандарди, без ургенции, без пријателски врски – истакнува Ангелов.

Реклама

Тој посочува дека природата не прави селекција ниту кога станува збор за дрвјата, при што ги крши слабите гранки и корне нестабилни или оштетени дрвја.

– Природата не ја интересираат ниту еколошките организации кои ги штитат дрвјата дури и тогаш кога тие се стари, нестабилни или гнили. Природата чисти сѐ по ред. Ги корне или крши слабите гранки, корне и крши цели дрвја – дополнува тој.

Апелира до сите учесници во процесот на градење да бидат совесни и доследно да ги почитуваат предвидените норми и стандарди, бидејќи, како што наведува, никој не знае кога природата повторно ќе изврши „контрола“.

Воедно, директорот на ДЗС ги повика и еколошките организации да покажат поголемо разбирање во случаите кога надлежните институции проценуваат дека е неопходно отстранување на стари и нестабилни дрвја со цел да се спречат несреќи и материјални штети.

– Безбедноста е на прво место – порачува Ангелов.