Реклама

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Македонија

ЦУК: Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје

По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици, соопшти Центарот за управување со кризи.

Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците и нормализирање на состојбата.

Во Скопски регион по 17 часот, преку Единствениот број за итни повици 112 се примени над 9.000 повици од граѓани, при што најголемиот дел се однесуваат на последиците од невремето. Најмногу се пријавуваат паднати дрвја, оштетени возила и кровни конструкции, скинати електрични кабли, паднати бандери и други оштетувања. Пријавите се однесуваат на целата територија на Град Скопје, вклучувајќи ги сите општини.

Реклама

Во Полошкиот регион на територијата на Тетово нема регистрирани потешки случаи кои барале итни интервенции. Евидентирани се помали материјални штети, а надлежните служби се на терен и ја следат состојбата. Состојбата е стабилна и под контрола.

Во Вардарскиот регион (Велес, Свети Николе, Лозово, Кавадарци и Неготино) се регистрирани последици од невремето, меѓу кои: паднати дрвја и гранки; оштетени кровни конструкции и настрешници; прекинати електрични кабли. На терен се ангажирани противпожарните единици, јавните комунални претпријатија, полицијата и екипи на ЕВН. Во делови од Свети Николе, Лозово, Чашка и околните населени места има прекини во електроснабдувањето поради оштетувања на електроенергетската инфраструктура. Во индустриската зона во Кавадарци, поради паднати електрични жици, предизвикан е пожар кој веднаш е локализиран.

Во Североисточен регион Куманово регистрирани се повеќе пријави од граѓани за последици од невремето. Евидентирани се: паднати дрвја на повеќе локации; оштетени фасади и кровни конструкции; паднати кровови на објекти; оштетувања на електричната инфраструктура, паднати бандери и кабли. Регистрирани се и случаи на паднати дрвја врз возила со материјална штета. Сите пријави се проследени до надлежните служби.

Во Пелагонискиот регион Битола и прилепски регион на подрачјето кое го покрива РЦУК Битола, последици од невремето се регистрирани во дел од прилепскиот регион. Откорнат е лимен кров од управната зграда на ЈП „Национални шуми – Црн Бор“. Вработените работат на расчистување на последиците. Источен регион Штип, Кочани, Пробиштип и Виница

Во источниот регион се регистрирани последици од силниот ветер и дожд. Во Пробиштип евидентирани се: паднати дрвја и гранки; оштетени кровови на приватни и стопански објекти; паднати оџаци; оштетени возила, блокиран е патниот правец од село Ратавица кон Злетово, има прекини во електроснабдувањето.

Во Кочани регистрирани се оштетени кровни конструкции; паднати дрвја и гранки; навалени бандери; поплавени подрумски простории. Околу 80 отсто од градот Кочани бил без електрична енергија, а поради прекин на работата на пумпите за вода имало прекин и во водоснабдувањето. Одржан е состанок на Општинскиот кризен штаб.

Во Штип евидентирани се повеќе паднати дрвја и гранки кои го отежнувале сообраќајот; оштетена кровна конструкција на објект на ул. „Вита Поп Јорданова“, подигната околу 50 отсто од кровната конструкција на Клиничката болница Штип, при што се регистрирани поплавени болнички простории. ТППЕ Штип и јавните претпријатија се на терен за расчистување на состојбата.

Во Виница регистрирани се само паднати гранки, без посериозни последици.

Во Југоисточен регион Струмица регистрирани се прекини во нисконапонската електрична мрежа, скинати жици и паднати столбови, оштетени кровни конструкции, паднат билборд; скршени и откорнати дрвја. Во земјоделството има пријави за оштетени оранжерии, однесени фолии и штети на земјоделски и раноградинарски култури. Надлежните екипи се на терен и работат на отстранување на последиците.