Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Тошковски: Експертски тимови од ЈП „Водовод“-Скопје во Гостивар ја детектираат сосотојбата со водата, првично потребно е хиперхлорирање на системот

Експертски тимови од Јавното претпријатие „Водовод“ од Скопје попладнево се во Гостивар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Експертски тимови од Јавното претпријатие „Водовод“ од Скопје попладнево се во Гостивар, со цел да утврдат, но и да преземат мерки за враќање на нормалното водоснабдување на градот Гостивар, откако се случи епидемијата со труење од водата за пиење,  информираше на денешната прес-конференција  Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, а на која присуствуваа и министерот за здравство, Сашо Клековски, директорот на СОЗР Ивица Томовски и портпаролот на Владата, Марија Митева. Тошковски посочи дека  веднаш штом беше донесена одлука од страна на Владата за прогласување на кризна состојба, веднаш стапил во контакт со градоначалникот на Град Скопје, од којшто побарал експертските тимови на Јавното претпријатие „Водовод“. 

– Согласно информациите коишто ги добив пред неколку минути, тие се на лице место и ја констатираат фактичката состојба од аспект на моменталниот квалитет на водата, ќе се земат одредени мостри на повеќе точки и понатаму констатирање на фактичката состојба во делот на поставеноста на хидросистемот во рамки на Општина Гостивар – изјави Тошковски.

Тој рече дека целта е за најкратко можно време  се детектира конкретната фактичка состојба, која што е денес, а потоа да се одговори соодветно во насока на враќање во состојба на водата и тоа првично  за техничка употреба, а понатаму во втор степен жителите на Гостивар и да имаат соодветен квалитет на вода за пиење. 

Реклама

-​ Штом бидат извршени овие испитувања и анализи во текот на денешниот ден, во текот на утрешниот ден ќе ја информираме јавноста за тоа каков е квалитетот на водата којшто ќе биде констатиран од страна на експертите од Град Скопје кои што дојдоа овде, не само во делот на констатирање на квалитет на вода, туку и во делот на соодветен одговор – вели Тошковски. 

Тој додаде дека ​првичната информација којашто ја има добиено од страна на дел од експертите е дека ќе треба да се настапи во насока на хиперхлорирање на системот, кое што би требало за кратко временски период го доведе цевководот во нормална состојба, за да може водата првично да се користи како техничка вода, а понатаму да може да се користи и како вода за пиење.

​- Сите оние чекори коишто ќе се превземат, навремено ќе биде информирана јавноста и за сè она коешто ќе… ќе го констатираме, исто така навремено ќе биде информирана јавноста од страна на експертите. Она кое што е битно е да се следат препораките на АХВ во овој момент, односно водата којашто се користи од страна на домаќинствата и така натаму, во овој момент  да не биде употребувана ниту за пиење, ниту пак за било каква друга употреба во насока на бањање или пак да се користи како техничка вода. Такви се препораките и ценам дека граѓаните треба да ги почитуваат истите, сè со цел да  можеме најбрзо што може да излеземе од овој хаос кој што  го констатиравме деновиве – вели Тошковски. 

Прашан дали и градоначалникот на општина Гостивар бил повикан од страна на истражните органи, Тошковски одговори дека е информиран оти со градоначалникот е извршен разговор, во насока на утврдување на фактичката состојба. 

– И во однос на предметното лице и во однос на сите останати, секако дека ќе постапуваме во соработка и координација со Јавното обвинителство за секој еден чекор кој што би требало да следи понатаму, како од аспект на соодветна одговорност согласно одредбите од Кривичниот законик, така и од аспект на сè она коешто би требало да значи ставање во функција на водоснабдителниот систем во градот во нормална функција – подвлече Тошковски. 

Тој апелираше дека граѓаните на Гостивар треба да ги следат насоките на АХВ за користењето на водата од градскиот водовод. Минситерот Тошковски истакна и дека државата покажува одговорност во насока на решавање на проблемите на граѓаните. 

– Ние како држава не можеме да ја оставиме Општината да тоне во рамки на проблемиве коишто си ги создала сам. Ние мора да решиме соодветно и да одговориме соодветно на овие предизвици. ​Поради тоа, државата донесе одлука да се прогласи кризна состојба пред неколку часа. Како што гледате моментално, јас не сум дома со семејството, туку сум овде со гостиварчани и пробувам да најдеме решение како најбрзо што може да го отклониме проблемот којшто ни е настанат поради несовесно работење на одредени лица коишто на локално ниво требало да си ја работат работата, а за жал не ја работеле – вели Тошковски.