Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Почна реконструкцијата на улицата Борис Кидрич во Штип, од 25 јули ќе има затворање за сообраќај

Почна целосната реконструкцијата на улицата Борис Кидрич во Штип, која е една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна целосната реконструкцијата на улицата Борис Кидрич во Штип, која е една од главните сообраќајници и  поврзува неколку населби и индустриската зона со централното градско подрачје. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов и директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски на денешната прес-конференција истакнаа дека ​станува збор за една амортизирана улица, која во минатото никогаш темелно не била реконструирана и затоа секоја година  има проблеми со самата сообраќајница, односно има постојано дефекти на водоводната линија и  прекопи на самата улица.

-​Затоа одлуката за целосно да се реконструира улицата Борис Кидрич од зграда „Промаја“ до крстосница „Дујле“ ја донесовме во период кога имаме најмала фреквенција во централното градско подрачје, односно кога е завршена учебната и академската година.​ Во име на ова, сакам да ги замолам жителите, граѓаните на општина Штип, сите кои ја користат оваа улица, за трпение затоа што првичната фаза која што деновиве ќе се работи предвидува ист сообраќаен режим, без позначајна промена-вели Јорданов.

Јорданов најави дека од 25 јули ќе има целосно и делумно затворање на главната сообраќајница Борис Кидрич од зграда „Промаја“ до крстосница „Дујле“, за да може Јавното претпријатие „Исар“ да работи на подземната инфраструктура.

Реклама

-​Повеќе од 60 години оваа улица има застарена подземна инфраструктура. Свесни сме дека ова ќе предизвика потешкотии во сообраќајот, нервози кај граѓаните, но сите улици кои ги работиме ги работиме темелно за да наредните 10, 20, 30 години немаме никакви потешкотии во функционалноста на нашиот град-изјави Јорданов. 

Промената на подземната инсталација, асфалтирањето на улицата, изградба на тротоарните површини на штипската улица „Борис Кидрич ќе чинат 3,5 милиони денари. Директорот на ЈП „Исар“- Штип, Арсовски додаде дека во рамките на овој проект ќе се мени старата подземна цементно-азбестна инстралација во должина од 360 метри, а ќе бидат опфатени и 60 приклучоци.