Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Обвинителството: Отворена истрага за загадувањето на водата во Гостивар, побаран притвор за тројца осомничени

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка и поднесе предлог за 30-дневен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка и поднесе предлог за 30-дневен притвор против директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар и двајца раководители во претпријатието. Тие се сомничат дека преку нелегално поставување пумпи во преливната комора во село Вруток предизвикале загадување на водата за пиење, со која се снабдува Гостивар.

Ова беше соопштено на денешниот брифинг во гостиварското Обвинителство, на кој присуствуваа државниот јавен обвинител, Ненад Савески, шефицата на ОЈО Гостивар, Елизабета Јосифовска, и надлежните јавни обвинители, кои постапуваат по предметот, Зура Селими и Хазби Исеини.

Надлежниот јавен обвинител Хазби Исеини појасни дека вчера е донесена наредба за истрага против трите лица бидејќи постојат основани сомневања дека токму тие дале налози да се постават пумпите за да се зголеми притисокот во водоводниот систем за град Гостивар и околните села.

Реклама

– Ние се одлучивме против можните сторители, фактички осомничените сега, да донесеме наредба за истрага за тешки дела против животната средина и природата во согласност со член 234 став 2, а во врска со член 219 став 3 во врска со став 1, а делото сметаме дека е извршено во соизвршителство помеѓу тројцата. Во текот на истрагата, денеска е поднесен и предлог за определување мерка притвор за сите тројца за 30 дена бидејќи сметаме дека во оваа фаза на постапката нема друг начин тие да се обезбедат – истакна обвинителот Хазби.

За ова квалифицирано кривично дело е предвидена казна затвор од најмалку четири години. Првичните дејства во предистражната постапка ги презела дежурната јавна обвинителка Зура Селими по пријава од граѓани на 16 јули 2026 година. На самото место било утврдено дека во близина на преливната комора биле поставени три пумпи, од кои две биле во функција, кои внесувале непреработена вода од надворешен канал директно во системот за пиење.

– На 16.7.2026 година, од страна на МВР, ОВР Гостивар, ПС Гостивар, како дежурен јавен обвинител бев известена дека од страна на загрижени граѓани е пријавен настан оти во село Вруток во водоводниот систем се пренесува вода однадвор, со што се загадува водата во водоводниот систем со кој се снабдува целиот град. Утврдено е дека пумпите се во функција и во моментот на извршување на увидот со истите пумпи се извршува внесување вода од каналот со непреработена вода внатре во водоводната преливна комора – посочи Селими.

Според доказите на Обвинителството, пумпите првпат биле поставени на 24 јуни, а ден подоцна биле правени проби. Анализите покажале присуство на фекални бактерии во водата, како и зголемено ниво на хлор кај крајните корисници, односно 1,1 милиграм на литар при дозволени од 0,2 до 0,5 милиграми на литар. Во водата земена од внатрешноста на каптажата биле детектирани 39 колиформни бактерии, иако според стандардите граничната вредност треба да биде нула.

На брифингот беше нагласено дека истрагата е во почетна фаза и ќе служи за да се утврди целосната вистина, вклучително и евентуалното поврзување на загадената вода со епидемијата и зголемениот број заболени граѓани.

– Во согласност со тоа што ќе го добиеме од сите институции, доколку биде утврдена каква било одговорност кај институциите, и кон нив ќе се прошири истрагата. Нормално е дека ние веќе имавме комуникација со болницата за состојбата. Доколку во кој било случај кај кого било се јави каков било сомнеж, и тој сторител на кривични дела ќе биде опфатен со проширување на истрагата – беше посочено на брифингот.

На новинарско прашање за каков канал станува збор и дали во него се слева канализација, јавните обвинители појаснија дека не се работи за канализациски канал. Во однос на тоа колку долго функционирале пумпите и дали тие работеле континуирано дваесетина дена, од Обвинителството посочија дека тоа допрва прецизно ќе се утврдува, но има докази за нивно поставување кон крајот на јуни.

– Од она што досега го имаме како доказ, првпат се поставени некаде на 24 јуни и на 25 јуни биле правени проби за нивото на притисокот на ист ваков начин. Очигледно е, не можеме со сигурност да тврдиме, но имаме основано сомневање дека биле во функција – посочи надлежниот јавен обвинител.

Прашан дали се истражува одговорноста на директорот на болницата, кој со денови не ги известувал надлежните институции и покрај тоа што дневно се примале стотици пациенти со исти симптоми, од Обвинителството потенцираа дека истрагата нема да поштеди никого доколку се утврди вина.

– Се обидувам да го сфатам ова повеќе како забелешка за работата на директорот отколку како прашање, но на делот од прашањето ќе одговорам дека доколку се утврди одговорноста и кај него, и тој ќе биде опфатен. Значи, истрагата ќе ги опфати сите. Нормално е дека ние веќе имавме комуникација со болницата за состојбата – рече Исеини.

Пумпите во моментот се ставени надвор од функција и се обезбедува судска наредба за нивно демонтирање и одземање за понатамошно вештачење. Од Обвинителството апелираа дека нивната надлежност е исклучиво кривично-правна, а забраните за користење на водата се во домен на другите надлежни институции, кои веќе издале официјални соопштенија дека водата не е безбедна за употреба.