Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Сиљановска-Давкова: Како членка на НАТО, со аспирации кон ЕУ, ги продлабочуваме постојните, но градиме и нови партнерства со држави што ги споделуваат нашите вредности

Како земја членка на НАТО, чија стратешка цел е членството во Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како земја членка на НАТО, чија стратешка цел е членството во Европската Унија, нашата геостратешка положба ни овозможува да водиме повеќедимензионална надворешна политика. Настојуваме да ги продлабочуваме постојните партнерства, но и да градиме нови со земји што ја споделуваат нашата определба за мир, развој и меѓународна соработка. Индија во овој видокруг зазема особено значајно место – порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. 

Двете претседателки на денешната средба во Скопје, меѓу другото, разговарале и за пошироката меѓународна состојба, во контекст на длабоките геополитички промени што се случуваат.

– Меѓународниот поредок се соочува со еден од најсериозните периоди на неизвесност по завршувањето на Студената војна. Вооружените конфликти одземаат невини човечки животи. Долгогодишните сојузништва се менуваат. Меѓународното право сè почесто е ставено пред предизвикот на логиката на силата, ако воопшто може да се говори за логика на силата, а довербата во мултилатералните институции е ослабена – истакна Сиљановска-Давкова.

Реклама

Додаде дека токму во вакви моменти мора да се спротивставиме на искушението да се откажеме од принципите и вредностите врз кои отсекогаш се темелел трајниот мир.

– Одговорот на слабостите на мултилатерализмот не може да биде помалку мултилатерализам. Потребни ни се посилни меѓународни институции, способни да одговорат на современите глобални предизвици – нагласи Сиљановска-Давкова.

Таа додаде дека со индиската колешка се согласиле дека е неопходна реформа на Обединетите нации, со порепрезентативен Совет за безбедност и со посилна улога на Генералното собрание.

Сиљановска-Давкова, обраќајќи ѝ се на Мурму, истакна дека таа како претседателка покажала оти највисоките функции се заслужуваат со карактер, а не со привилегии.

Според, неа, станува збор за неверојатно инспиративен пример не само во индиски туку и во светски рамки, кој претставува охрабрување за безброј жени и млади луѓе во светот да се занимаваат со политика. Посочи дека денешните разговори биле исклучително срдечни, отворени и насочени кон иднината.

– Кога зборуваме за Индија, не зборуваме само за една држава, туку за една од најголемите и најтрајни цивилизации во историјата на човештвото. Таа не само што се родила на плодните брегови на Инд и Ганг, каде што биле испишани најраните поглавја на човечката цивилизација, туку и продолжила да се развива низ вековите – од снежните Хималаи до Индискиот Океан, од безвременската убавина на Таџ Махал до величествените храмови што му одолеваат на забот на времето. Се работи за едно извонредно културно патување што го збогатува наследството на целото човештво. За сите нас, не само за Индијците, Индија е позната како татковина на Махатма Ганди, чија филозофија на ненасилството го преобрази моралниот речник на меѓународната политика. Но, Индија е и татковина и на Рабиндранат Тагоре, чие творештво мене, а сигурна сум, и многу од вас инспирирало и продолжува да инспирира многу генерации. Индија е позната и по духовната визија на Свами Вивекананда, по безвременската уметност на Рави Шанкар, по музиката на А. Р. Рахман и по филмското творештво на Сатјаџит Реј. Се работи за неверојатно културно наследство – рече Сиљановска-Давкова.

Таа изјави дека Индија отсекогаш поседувала способност да ја зачува својата мудрост и древност, а истовремено да биде меѓу врвните иноватори.

– Таа е една од најстарите цивилизации, но и една од главните движечки сили на современиот економски раст, научните достигнувања и технолошките иновации. Индија не е само најголемата демократија во светот. Таа е и една од најбрзорастечките економии, како и еден од највлијателните гласови во обликувањето на глобалната агенда – рече претседателката.

Таа додаде дека иако оваа посета претставува прв настан на претседателско ниво, пријателството меѓу двете земји не почнува денес. Спомена дека двете нации се познаваат уште во времето на поранешна Југославија како дел од Движењето на неврзаните, но особено ги поврзува животот и делото на Мајка Тереза.

– Го споменувам ова за да потсетам дека и во времето на Студената војна постоеја иницијативи за дијалог, еднаквост, солидарност и соживот. Се работи за принципи што денес се исто така толку важни. Нашите две нации ги поврзува и исклучителната врска преку една од најголемите хуманитарки што светот ги познава – света Мајка Тереза. Родена во Скопје, таа својот живот му го посвети на народот на Индија и стана универзален симбол на човечноста. Нобеловата награда за мир и највисокото индиско државно одликување „Бхарат Ратна“ сведочат за длабоката почит и љубов со кои Индија ја прифати. Таа, уште еднаш ќе повторам, претставува духовен мост меѓу нашите два народи – додаде претседателката.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: