Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Мурму: Потврдени пријателските односи, заедничките вредности и заемната почит меѓу Македонија и Индија

– Претседателката на Индија, Друпади Мурму, е сигурна дека нејзината посета на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Претседателката на Индија, Друпади Мурму, е сигурна дека нејзината посета на земјата ќе отвори ново поглавје во билатералните односи и ќе ги зацврсти партнерствата меѓу Македонија и Индија, но дека ќе ги подигне и на едно повисоко ниво. Вели дека со посетата биле потврдени пријателските односи, заедничките вредности и заемната почит меѓу Македонија и Индија.

– Имавме многу продуктивен состанок со вашата претседателка и разговори на ниво на делегација. Дискутиравме за повеќе билатерални соработки и разменивме ставови за регионалните и глобалните прашања, кои ни се од заеднички интерес. ​Ги повторивме и ги потврдивме пријателските односи меѓу Македонија и Индија, заеднички вредности и заедничка заемна почит. Соработката е многу важен столб за нашите билатерална односи – рече Мурму на заедничката прес-конференција со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. 

Таа истакна дека сакаат да промовираат подобра трговија и инвестиции и да охрабрат подобра соработка помеѓу бизнисите од двете земји.

Реклама

– Исто така, се согласивме билатералната трговија да ја прошириме двојно од сегашниот обем. Разговаравме за соработка во клучни сектори, вклучително (IT), земјоделство, обработка на храна, фармација, туризам, угостителство и аудиовизуелни уметности. ​Денeшниот бизнис-форум ќе биде одлична платформа за дискусија на овие прашања. Имаме меморандум за соработка во здравството, се договоривме да ја зајакнеме соработката во оваа сфера, особено во промоција на традиционалната медицина – истакна индиската претседателка.

Мурму нагласи дека ќе се работи на зголемување и на соработката во областа на културата бидејќи, како што рече, културните врски меѓу луѓето се секогаш едни од најсилните столбови во заедничките односи. Соработката во полето на креативните индустрии, додаде, исто така е важен аспект за културна размена. ​

Според неа, Индија сака да ја олесни меѓународната соработка преку иницијативи, како Меѓународната соларна алијанса, Алијансата за катастрофи на инфраструктурата.

– Ја поздравувам намерата на Македонија да се вклучи во овие иницијативи, а учеството во нив ќе ѝ овозможи на Македонија да извлече корист од глобалните алијанси за ублажување на катастрофите –  рече претседателката на Индија, Мурму.

Таа најави и можност за обуки за Македонија на полето на вештачка интелигенција, но и оти заедно со претседателката Сиљановска-Давкова во Музејот на град Скопје ќе ја откријат бистата на Махатма Ганди.

– Ова е посебен подарок од народот на Индија за народот на Македонија, кој ги открива заедничките принципи и вредности на двете нации – реча индиската претседателка. 

Presidentja Gordana Siljanovska-Davkova sot me nderimet më të larta shtetërore dhe ushtarake e priti presidenten e Republikës së Indisë, Drupadi Murmu e cila ndodhet për vizitë zyrtare dydito

Претседателката Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, која престојува во дводневна официјална посета на земјата.

По свеченета церемонија, Сиљановска-Давкова и Мурму заминаа на тет-а-тет средба по што се одржа пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на двете претседателки.

Индиската претседателка пристигна во Скопје синоќа, а на скопскиот аеродром ја пречека шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски.

Предвидено е претседателката на Република Индија да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Индиската претседателка ќе оствари средба и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе се потпише во Книгата на впечатоци и ќе има обраќање пред пратениците во македонскиот парламент.

Попладне ќе се одржи македонско-индиски бизнис-форум, организиран од Кабинетот на претседателката во соработка, со Директоратот за економска дипломатија при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На отворањето на бизнис-форумот, на кој ќе се обратат претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму, ќе бидат презентирани инвестициските можности на земјата.

На вториот ден од официјалната посета претседателките ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, каде што ќе се обратат на церемонија на откривање биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, каде што ќе го посетат манастирскиот комплекс „Свети Наум“, како и манастири и цркви во стариот град на Охрид.

Поради посетата на претседателката Мурму, во поширокото централно подрачје на Скопје се применува посебен режим на сообраќај. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: