Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Одложено одржувањето на Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“во Туминец, Општина Пустец

Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, кој првично беше планиран да се одржи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, кој првично беше планиран да се одржи на 29 јули кај манастирот „Света Марина“ во селото Туминец, Општина Пустец, се одложува за подоцнежен термин, за кој јавноста ќе биде навремено информирана, објавија од Организацискиот одбор на фестивалот.

Оваа одлука е донесена по темелна анализа на состојбите на терен и во интерес на безбедноста, масовноста и достоинственото одржување на самата манифестација.

 „Одложувањето на оваа манифестација е поради  инфраструктурни причини и безбедност во сообраќајот: Патната делница од село Туминец до манастирот „Света Марена“, во должина од околу 4 километри,  во моментов не ги исполнува потребните услови за безбеден и непречен пристап на поголеми возила (автобуси и комбиња) кои треба да ги превезуваат фолклорните ансамбли и посетителите. Иако беше планирано патот да биде тампониран и подготвен, поради кратките рокови и технички причини со изведувачот, градежните активности не успеаја да завршат навреме, стои во објавата.

Реклама

Исто така, одлучиле да ја испочитуваат и желбата на годинашните кумови за зачувување на изворната традиција.

„Во консултација со овогодинешните кумови, кои изразија силна желба паронот на на манастирот да се прослави по строгиот стар, изворен и традиционален црковно-народен обичај, одлучивме да ја испочитуваме нивната волја. Со тоа, манастирскиот простор на 29 јули ќе остане целосно посветен на духовниот и традиционалниот аспект на празникот, без да се оптоварува со дополнителна фестивалска логистика, се нагласува во објавата.

Со цел фестивалот да го добие сјајот што го заслужува, на лесно достапна локација и со врвни услови за сите гости и учесници одборот ќе утврди нов датум на одржување.

Покровител на фестивалот е премиерот Христијан Мицкоски а организатори се Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ АЛБАНИЈА“ и Општина Пустец.

Селото Туминец е едно од деветте населени места на Општина Пустец. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро, во близина на граничниот премин Стење – Горица и е второ село по големина, со околу 600 жители.  

Манастирот „Света Марена“ по кој е препознатливо селото датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското Езеро, покрај местото наречено Писан Камен, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност. Во него се наоѓаат поголем дел од моштите на светицата каде сè уште се случуваат чуда над нејзините мошти. 

Патронот на манастирот е на 30 јули а традиционално одбележувањето почнува ден порано со присуство на голем број верници од оваа општина, иселеници од областа кои во летниот период доаѓаат во родното место, Округот Корча, но и од соседните земји.