Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Миланов: Водата во Гостивар не смее да се користи до добивање на лабораториските резултати

Водата во Гостивар не смее да се користи ниту за пиење ниту…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата во Гостивар не смее да се користи ниту за пиење ниту за подготовка на храна сè до добивањето на лабораториските резултати, истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција за состојбата со водоснабдувањето во градот.

На прашањето како функционираат рестораните, кафулињата, градинките, болниците и другите установи во услови кога е забранета употребата на водата, директорот рече дека инспекторите на Агенцијата веќе вршат засилени контроли на терен.

– Самите ресторани се должни да обезбедат техничка вода. Сè што доаѓа во контакт со храната, приборот и подготовката на храната мора да биде обезбедено со безбедна вода. Зборуваме за ресторани, кафеани, бурекчилници, сендвичарници и сите оператори со храна. Доколку се утврдат неправилности, тие ќе сносат одговорност и ќе бидат санкционирани. Водата не смее да се користи ниту за пиење ниту за технички намени сè до добивање на лабораториските резултати. Ова важи и за болниците, домовите и јавните установи. Секаде мора да биде обезбедена безбедна вода – рече директорот, дополнувајќи дека лабораториските анализи се во тек и се чекаат официјалните резултати.

Реклама

Одговарајќи на прашање за информациите што ги објави Обвинителството, според кои во водата биле пронајдени 2.419 колиформни бактерии на 100 милилитри, тој рече дека не сака да ги коментира бројките додека не завршат анализите.

– Не сакам да давам лично мислење. Тоа е предмет на истрага на МВР, криминалистичката полиција и Основното јавно обвинителство. Осомничените ќе бидат испитани и тие ќе треба да ги образложат причините за своите постапки. Она што секој разумен човек го знае е дека вакво нешто не смеело да се случи – изјави директорот.

На новинарско прашање за причините за загадувањето и информациите дека спорниот приклучок бил поставен за зголемување на притисокот на водата, директорот рече дека тоа ќе го утврдуваат истражните органи.

– Тоа е предмет на истрага на МВР, криминалистичката полиција и Основното јавно обвинителство – рече Миланов.

Во однос на снабдувањето на населението, директорот посочи дека институциите и домашните производители веќе обезбедуваат дополнителни количини вода.

– Според информациите што ги имам, Владата обезбедила околу 50 тони вода, а производителите на флаширана вода веќе вршат дистрибуција кон граѓаните – рече директорот.

Дополни дека очекува во најкус можен рок граѓаните повторно да добијат безбедна вода за пиење.

– Веќе се преземаат активности за дезинфекција и прочистување на системот – рече тој.