Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Миланов: Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод, инспекциските контроли продолжуваат

Донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна, останува во сила се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност. Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините кои довеле до оваа состојба и го загрозиле здравјето на граѓаните. Ја уверуваме јавноста дека нема да дозволиме ниту еден аспект од постапката да остане неиспитан, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов.

На прес-конференција во Владата, Миланов, осврнувајќи се на спроведените контроли, напомена дека, според утврденото, во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение, се поставени пумпи кои директно вбризгувале вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем.

Директорот информира дека и денеска продолжуваат инспекциските контроли над операторите со храна во Гостиварско. Целта на вонредните засилени мереки, нагласи, е прецизно да се утврди изворот на контаминација, степенот и обемот на загаденоста, како и да се обезбедат нови релевантни лабораториски резултати врз основа на кои ќе бидат преземени сите понатамошни мерки во конкретниот случај.

Реклама

-АХВ со најголемо внимание ја следи состојбата со квалитетот на водата за пиење во Општина Гостивар. Од првиот момент кога беа добиени сознанија за можен ризик по јавното здравје врз основа на добиеното известување од јавен обвинител од ОЈО Гостивар и пријава од МВР Гостивар за можна нарушена безбедност на водата за пиење во гостиварскиот вопдоснабдителен систем, инспекциските служби на АХВ спроведоа вонредна контрола во овој водоснабдителен систем во село Вруток, Општина Гостивар. Согласно законските надлежности и воспоставените протоколи, контролата беше спроведена на 16 јули во доцните вечерени часови во соработка со претставници на Министерството за животна средина, ОЈО Гостивар и крим  техника – МВР Гостивар. Со надзорот беше утврдено дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение се поставени пумпи која директно вбризгувале вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем, нагласи директорот.

Според него, стручни лица на Институтот за јавно здравје земале четири мостри од водата од резервоарот, каптажата, од површинска вода и од јавна чешма во џамија, за лабораториско тестирање, со цел утврдување на нејзината безбедност.

-За да се спречи поголема опасност за населението од овој регион, АХВ веднаш издаде време забрана за употреба на водата за пиење. Во текот на вчерашниот ден, активностите беа значително проширени, при што инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство земаа дополнителни мостри и тоа од целиот водоснабдителен систем, вклучително и од јавни установи, градинки, угостителски објекти и други кои ја користат водата од овој  водоснабдителен систем за пиење и за подготовка на храна. Во рамки на законските овластувања, Агенцијата ќе ги преземе сите неопходни мерки против сите субјекти кај кои ќе се утврдат пропусти или непочитување на законските обврски. Апелираме до граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на надлежните здравствени институции и локалните власти во однос на користењето на водата за пиење, се до добивањето на конечните лабораториски резултати и целосното нормализирање на состојбата, потенцира Миланов и дополни дека АХВ зема официјални мостри од вода, а тестирање на примероците врши Институтот за јавно здравје, кој треба официјално да ги достави резулатите до АХВ.