Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВРЕДИ: Ќе има одговорност за состојбата во Гостивар, здравјето на граѓаните е над сѐ

ВРЕДИ ја поздравува брзата реакција на надлежните институции и започнувањето на постапките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВРЕДИ ја поздравува брзата реакција на надлежните институции и започнувањето на постапките за утврдување одговорност во врска со сериозната состојба во Гостивар. Секој што, со дејствување или недејствување, придонел за овој скандал, мора да одговара пред правдата.

Здравјето на илјадници граѓани на Гостивар беше загрозено како последица на негрижата и лошото владеење, а ова не смее да помине без одговорност, како што се случувало многупати во минатото. Очекуваме темелна, независна и сеопфатна истрага што целосно ќе го расветли случајот, се вели во соопштението од ВРЕДИ.. 

Воедно, го поздравуваме ангажманот на сите релевантни институции на централно ниво кои им излегоа во пресрет на жителите на Гостивар. Засегнатите граѓани ја добиваат потребната здравствена грижа, а се обезбедува и вода за пиење сѐ до конечното решавање на проблемот.

Реклама

Уште еднаш се потврдува дека долгогодишното лошо владеење има своја цена, која денес ја плаќаат граѓаните: Гостивар без вода за пиење, Зајас без канализација.

Врв на цинизмот е што Али Ахмети и Арбен Таравари повторно бараат доверба од граѓаните, додека последиците од нивното владеење и понатаму го загрозуваат здравјето и секојдневниот живот на граѓаните.