Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален здравствен систем

Додека Венко Филипче се обидува да се претстави како авторитет за здравствениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека Венко Филипче се обидува да се претстави како авторитет за здравствениот систем, граѓаните многу добро паметат што остави зад себе додека беше министер. Наместо реформи и подобро здравство, неговиот мандат беше обележан со низа скандали, афери и неодговорени прашања. Од случајот со набавката на вакцините преку посредник, фирма која претходно се занимавала со трговија со тропско овошје, до аферата „Крвави тендери“ за набавка на тестови и реагенси вредна десетици милиони евра, јавноста никогаш не доби убедливи одговори за сите дилеми што се отворија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во исто време, здравствениот систем тонеше во проблеми. Листите на чекање се зголемуваа, пациентите со месеци чекаа за прегледи и интервенции, недостигот од медицински кадар стануваше се поизразен, а јавните здравствени установи се соочуваа со недостаток на опрема, материјали и основни услови за работа.

Граѓаните не можат да го заборават ниту трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица. Наместо преземање политичка и морална одговорност, Филипче остави многу прашања без одговор и чувство дека никој не понесе вистинска одговорност за една од најголемите трагедии во македонското здравство.

Реклама

Во време на ковид-пандемијата, Македонија беше меѓу земјите со висока смртност по глава на жител, а граѓаните се соочуваа со неизвесност, недостаток на доверба и бројни предизвици во функционирањето на здравствениот систем.

Затоа, сметаме дека човек чиј мандат остана запаметен по афери, скандали и сериозни пропусти нема кредибилитет денес да држи лекции за тоа како треба да изгледа македонското здравство.

За разлика од СДСM и Филипче, целта на ВМРО-ДПМНЕ е здравствен систем што ќе биде ефикасен, транспарентен и посветен на пациентите, со инвестиции во медицинскиот кадар, современа опрема, подобри услови за лекување и целосна одговорност за секоја донесена одлука. Граѓаните заслужуваат здравство што ќе работи во нивен интерес, а не здравство кое ќе се памети по афери и пропуштени можности.