Општина Ново Село апелира на особено споро и внимателно возење на патните правци Сушица-Ново Село, Ново Село-Мокриево, Мокрино-Смолари и Смолари- Ново Село, известија од локалната самоуправа.
-Заради невремето кое ја зафати нашата општина има многу паднати дрјва, бандери и оштетени кабли и жици за електрична енергија. Нашите екипи заедно со екипите на ЈП „Македонија пат“ веќе се на терен и работат напорно, но штетите се преголеми и ќе бидат потребни неколку часови за да се нормализираат и исчистат патиштата, се наведува во известувањето од Општина Ново Село.
Инаку, освен во Ново Село невремето предизвика штети и во поширокиот Струмички регион и радовишко.
