Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Пратеничките Пешевска и Петкоска на Женскиот парламент во Подгорица

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Северна Македонија, Жаклина Пешевска и пратеничката и членка на Комисијата Лидија Петкоска, на покана на претседателката на Одборот за рамноправност на Парламентот на Црна Гора, Јеленка Андриќ, учествувале на деветнаесеттата седница на Женскиот парламент, што се одржа во Подгорица по повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на Одборот за рамноправност и воспоставувањето на институционалниот механизам за унапредување на рамноправноста во Црна Гора. 

Како што информираат од собраниската прес-служба, настанот претставуваше можност за размена на искуства и ставови меѓу парламентарките од регионот за предизвиците и достигнувањата во унапредувањето на рамноправноста, како и за улогата на парламентите во креирањето политики што обезбедуваат еднакви можности и поголемо учество на жените во јавниот и политичкиот живот.

Во рамките на посетата била одржана средба меѓу претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Северна Македонија, Жаклина Пешевска, и претседателката на Одборот за рамноправност на Парламентот на Црна Гора, Јеленка Андриќ. На средбата биле разменети искуства и добри практики во работата на двете комисии, при што беше разговарано за можностите за натамошно интензивирање на меѓупарламентарната соработка, реализација на заеднички активности и иницијативи, како и за унапредување на законодавната и надзорната улога на парламентарните тела во областа на рамноправноста.

Реклама

-Рамноправноста не претставува изолирано прашање, туку е темелна демократска вредност и значаен показател за развојот на современите демократски општества. Истакнато беше дека вистинскиот напредок се мери преку конкретните резултати што ги подобруваат условите за живот на граѓаните и обезбедуваат еднаков пристап до правата, можностите и правдата – посочуваат од Собрание.

Воедно, била изразена заемна подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката меѓу парламентите на Македонија и Црна Гора, како на билатерално, така и на регионално ниво. Во тој контекст било нагласено дека преку континуирана размена на искуства, добри практики и заеднички иницијативи може да се даде значаен придонес во креирањето поинклузивни, поправедни и порамноправни општества, во кои еднаквите можности претставуваат суштинска вредност и предуслов за одржлив демократски развој.