Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Општина Берово го обновува јавното осветлување во Смојмирово со ЛЕД светилки

Во рамки на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување за 2026 година, Општина Берово започна со обнова на уличното осветлување во селото Смојмирово, каде што постојните светилки се заменуваат со нови ЛЕД енергетски ефикасни светилки.

Според градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, активностите се дел од континуираните инвестиции за подобрување на комуналната инфраструктура во сите населени места на територијата на општината.

-Со поставувањето на современо ЛЕД осветлување обезбедуваме поквалитетно и порамномерно осветлување на јавните површини, поголема видливост во вечерните часови и повисоко ниво на безбедност за пешаците, учесниците во сообраќајот и жителите на селото- истакна Ружински.

Реклама

Од Општината информираат дека новите ЛЕД светилки имаат значително подолг работен век, бараат помалку одржување и овозможуваат посигурно функционирање на системот за јавно осветлување. Дополнително, примената на ЛЕД технологијата ќе придонесе за намалување на потрошувачката на електрична енергија и порационално користење на јавните средства.

Локалната самоуправа најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со реализација на проекти насочени кон модернизација на комуналната инфраструктура, со цел создавање побезбедни, поуредени и поквалитетни услови за живот на граѓаните во сите населени места на Општина Берово.