Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност има, СДСМ и Филипче се тие кои велеа да се поддржи сегашното раководство на Гостивар на коалицијата ДУИ, СДСМ, Таравари

На СДСМ и Филипче не им е до заштита на здравјето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На СДСМ и Филипче не им е до заштита на здравјето на граѓаните, туку како да добијат политички поен плус, затоа ја злоупотребуваат ситуацијата во Гостивар, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ со очајни соопштенија се обидуваат да ја искористат ситуацијата во Гостивар за дневнополитички поени, наместо да  дозволат институциите да си ја вршат работата, да се произнесат и да се утврдат фактите.

Во случајот со Гостивар, надлежните институции постапуваат согласно своите законски овластувања и секоја евентуална одговорност ќе ја утврдат надлежните органи, врз основа на докази, а не врз основа на политички прес-конференции.

Реклама

Локалната самоуправа има јасно дефинирани надлежности во однос на водоснабдувањето и комуналните услуги. Доколку се утврдат пропусти во работењето, тие треба да бидат предмет на одговорност, без разлика на политичката припадност.

Обидите за префрлање на вината, без завршена истрага претставуваат неодговорно политизирање на случајот од страна на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека секој што има законска или службена одговорност треба да одговара, доколку тоа го утврдат надлежните институции. Нема да дозволиме трагедии и здравствени инциденти да бидат злоупотребувани за ширење политички конструкции и неосновани обвинувања.