Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

СОЗР ги објави локациите во Гостивар каде ќе се дистрибуира вода за населението, денеска испорака на 76.000 литри

За населението во Гостивар каде што е прогласена епидемија денеска ќе бидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За населението во Гостивар каде што е прогласена епидемија денеска ќе бидат обезбедени три шлепери со 76 илјади литри вода, во наредните денови количината ќе се зголемува зависно од потребите, а ако треба ќе бидат вклучени и цистерни со вода, информира денеска на прес-конференција Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, кој ги презентраше и локациите каде ќе се дистрибуира водата. 

Томовски уверува дека од првиот момент кога е пријавена состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, Владата е во постојана и директна координација со сите надлежни институции и оти внимателно го следи развојот на настаните во секој момент.

– Покрај институционалната одговорност, постапките на надлежните органи, спроведување на сите неопходни контроли и лабораториски анализи, Владата интервентно одлучи за обезбедување на 50 литри питка вода за пиење којашто ќе биде доставена секој ден на граѓаните во Гостивар. Оваа мерка започнува од денес и ќе продолжи во наредните неколку денови со цел да се обезбедат основните потреби на населението, додека траат мерките и препораките на институциите – најави Томовски. 

Реклама

Тој соопшти дека дистрибуцијата на водата ќе биде на локациите: Водостопанство Гостивар, градинка „Пролет“, Средното економско училиште Гостивар, ЈП Национални шуми – подружница Шар Гостивар, АД ЕСМ подружница кај гаражите, Општа болница Гостивар и територијалната противпожарна единица Гостивар – информира денеска на прес-конференција директорот ан СОЗР Ивица Топомовски.  Доколку има потреба локациите ќе бидат проширувани. 

Дополнително,  водата ќе се доставува директно до градинките и до болницата во Гостивар за да се обезбеди непречено функционирање на овие клучни институции, заштита на најранливите категории, децата и пациентите.

Според Томовски, истовремено, сите надлежни институции продолжуваат со интензивни контроли, анализи и истражни дејствија за целосно утврдување на причините за настанатата ситуација.

– Очекуваме брзо и целосно расчистување на случајот, секој за кого ќе се утврди одговорност ќе сноси строга одговорност согласно законот –  порача директорот на СОЗР Томовски.

Апелира до сите граѓани да ги почитуваат препораките издадени од надлежните институции. Информациите да ги следат исклучиво преку официјалните канали, Владата, Министерството за здравство, Центарот за јавно здравје и институциите коишто се занимаваат со оваа проблематика. На тој начин, укажа директорот на СОЗР, ќе се обезбедат навремени и точни информации.

– Приоритет на Владата останува заштитата на здравјето на граѓаните, брзата институционална реакција и целосно надминување на оваа состојба –  посочи Томовски, истакнувајќи дека Владата ќе продолжи да презема се што е потребно за да се за да се обезбеди поддршка се до нормализирање на ситуацијата со водоснабдувањето.

На новинарско прашање дали  најавените количини се доволни  посочи дека ќе се зголемуваат зависно од потребите. 

– Првиот ден стартуваме со 50 литри, зависно од тоа колку ќе има потреба во текот на деновите ако има потреба ќе се зголемува количината. Конкретно, во текот на денот ќе бидат доставени три шлепери со вода, понеделнички ќе има 76 тони вода, односно 76 илјади литри. Не се исклучува можност доколку има потреба  да се вклучат цистерни, населението да не се грижи. Се што е потребно ќе обезбедиме како Влада за непречено функционирање, рече Томовски.