Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мисајловски од Командата за обука и доктрини во Велес: Инвестициите во одбраната се инвестиции од граѓаните за Армијата

„Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но овде може да видиме на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешниот увид во градежните активности кои се изведуваат во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес.

Тој посочи дека се вложуваат околу 11 милиони денари за темелна внатрешна реконструкција на оваа зграда што опфаќа промена на  врати, прозорци, под, промена на водоводот, санитарните јазли, итн., и додаде дека набргу ќе биде заменет и покривот.

– Исто така имаме уште еден процес, замена на покривите. Се работи за инвестиција од околу 20 милиони денари во повеќе касарни… очекуваме дека негде до крајот на годинава целосно ќе се завршат сите овие зафати што ги имаме започнато во повеќето касарни – рече министерот.

Реклама

Мисајловски порача дека инвестициите во одбраната се инвестиции од македонските граѓани за македонската Армија и дека министерството и Армијата се максимално посветени за унапредување на условите за работа на припадниците.

– Ветив дека секој ден ќе биде подобро, чекор по чекор секаде ќе помагаме и ќе ги менуваме сите овие стари објекти. Со години не се фатило да се реновира, да се реконструира, да се гради ново нешто. Ќе го правиме тоа постојано – потенцира Мисајловски и додаде дека во моментов се работи на приклучување на хидрантска мрежа на издвоениот објект во Отовица во кој за прв пат припадниците ќе добијат питка вода.

Министерот подвлече дека во овој период во повеќе касарни се вложуваат над 3 милиони евра, додека за следната година се планирани над 12 милиони евра за инфраструктура. Тој во оваа прилика истакна дека сето ова, стабилен одбранбен Буџет, нова и модерна опрема, капиталните инфраструктурни проекти , како и грижа за вработените, се целите кои се исполнуваат од почетокот на неговиот мандат.