Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Николоски: Девет милиони евра инвестирaме во Вeлес во проекти за инфраструктура, Велес станува подобро место за живеење

Владата преку Министерството за транспорт инвестира речиси 9 милиони евра во инфраструктурниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата преку Министерството за транспорт инвестира речиси 9 милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес – истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој, денеска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, престојуваше во работна посета на општина Велес, каде што со градоначалникот Марко Колев направи увид на многубројните проекти што се реализираат со поддршка на Владата и Министерството.

– Со гордост можам да кажам дека Владата преку Програмата за инфраструктурни проекти во општините и преку проектот што го имаме со Светската банка инвестира речиси 9 милиони евра, што е исклучително значајна сума за развојот на инфраструктурата. Денеска гледаме почнување со работа на две улици, а една е веќе завршена, и драго ми е што преку соработката кшто ја имаме со Светската банка веќе се завршени три проекти во вредност од половина милион евра, а тоа се: ул. “8-ми Мај”, “Љубљанска” и “Луи Пастер”, и исто така во скоро време беше завршена и зградата, каде што има социјални станови – изјави Николоски.

Реклама

Вицепремиерот нагласи дека Владата ќе продолжи со силната поддршка за Општина Велес и во наредниот период.

-Ќе продолжиме да ја поддржуваме Општина Велес, да соработуваме со градоначалникот, Советот и пратениците, а преку координацијата што ја прави Премиерот да обезбедиме уште повеќе проекти кои ќе се реализираат во интерес на граѓаните“, порача Николоски.