Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Азески: Муцунски го остварува она што го вети во Комората

Во мојата долгогодишна кариера речиси секогаш сум имал контакт со дипломатијата. Неколку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во мојата долгогодишна кариера речиси секогаш сум имал контакт со дипломатијата. Неколку констатации за Министерството за надворешни работи ми беа неспорни:

1. дека се работи за професионална институција;

2. дека има суштинска улога во државата;

Реклама

3. дека е министерство со најдобра соработка со Комората.

Но, исто така, воочив и определени слабости:

1. кадровски (наметнување нестручни надворешни лица);

2. смешно глумење некакви високи интернационални цели кои немаат врска со реалноста;

3. смешни суми за репрезентација на ДКП, кои можат да бидат доволни само за купување семки за грицкање.

Минатата недела во Брисел нешто ми се измести од просечноста и, види чудо, во позитивна насока.

1. Нашите дипломати кои ме пречекаа во Брисел беа љубезни и професионални.

2. Возниот парк е изненадувачки добар.

3. Просториите на нашата мисија се одлични и локациски и просторно.

Сето тоа ги мотивираше домаќините, Европската комисија и Економско-социјалниот комитет, и тие беспрекорно и професионално да се вклучат во поддршката за нас.

Затоа одлучив јавно да ги истакнам лицата кои мислам дека прават позитивен пресврт во нашата дипломатија и кои почнуваат да ја реализираат владината политика за

трансформација на МНР во Министерство за надворешни работи и за надворешна трговија.

Пеце Бошески од Битола, кој од 1971 година е во оваа работа; стружанката Мбареса Истрефи-Исмаили; Ерсин Баки и, за крај, амбасадорот Зулфи Исмаили е тимот кој функционираше како едно. Имавме време и за професионалните обврски и за дружење и за размена на мислења и за договори за натамошна соработка.

Ако членството во Унијата ни е целта кон која се движиме, нашето претставништво во центарот на ЕУ мора да биде точката од која ќе тргнат промените. Добро опремено, финансиски поддржано и подготвено за најголемите предизвици – да ја оставиме зад себе уравниловката и со пример да покажеме дека лидерството е врзано со целта и со темелните вредности, а тие, пак, со парите на граѓаните и со нивното добро.