Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Делегиран буџет на 28 национални установи за поефикасно работење, финализирање на подготовките за отворање на музеите на Скопско Кале

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја стабилизира состојбата, да спроведе клучни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја стабилизира состојбата, да спроведе клучни системски реформи и да реализира значајни инвестиции во културата и туризмот, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Во изминативе две години, фокусот беше ставен на воспоставување системски пристап во управувањето со културата и тоа преку стратешко планирање, започнување на законски реформи, финансиска стабилизација и капитални инвестиции.

Наследен беше долг од 273 милиони денари по основ на неисплатени плати во националните и локалните установи, кој експресно се реши со ребалансот, при што се изнајдоа и дополнителни 71 милион денари за програмски активности и над 78 милиони денари за проекти во општините.

Реклама

Паралелно со сервисирањето на наследените обврски се започна со системско решавање на долгогодишните проблеми во културата и туризмот, за која цел се изготви длабинска анализа за рационализација на националните установи и преземени се конкретни чекори за спроведување на реформските приоритети.

Македонскиот јазик беше еден од главните приоритети на Владата и затоа уште веднаш започна имплементацијата на Законот за употреба на македонскиот јазик, се основаше Инспекторатот и Советот за македонски јазик, а во тек е и изработката на Стратегијата за употреба на македонскиот јазик.

Се финализираат подготовките за отворање на музеите на Скопско Кале, процес кој беше целосно запрен од претходната влада, а деблокирани се и повеќе национални и меѓународни проекти во областа на културното наследство.

Се спроведоа реформи во финансирањето на националните установи и за првпат е воведен моделот на делегиран, што овозможувајќи поголема автономија, подобро планирање и поефикасно управување со јавните средства, кој годинава се применува во 28 институции и ќе продолжи да шири.

Од друга страна, реализирани се 320 нови вработувања и 35 унапредувања во националните установи и за првпат се воспостави отворен конкурс за мобилност, преку кој македонските културни работници се усовршуваат во престижни академски и културни институции во странство.

Ваквото посветено работење и добро проектираните мерки и активности ја потврдуваат целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, културата и туризмот повторно да станат стратешки двигатели во развојот на Македонија.